ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
ЗДРАВЈЕ И СПОРТМАШКА МОДАСЕКС И ЖЕНИБИЗНИС И ПАРИАВТОМОБИЛИСТИЛГЕЏЕТИSUPERGIRL

Ракометарките на „Вардар“, елегантни и сензуални на новиот календар на „Пелистерка“
23.12.2015 | 14:16
Извор: Супермен
Прочитано: 6563 пати

Со денешната промоција на шестиот по ред календар, „Пелистерка“ ја почнува својата нова кампања под мотото: Во совршена форма.

Андреа Лекиќ, Татјана Хмирова, Амандин Лејно, Сираба Дембеле, Андреа Пенезиќ, Ања Алтхаус, се само дел од звучните ракометни имиња на женскиот тим на „Вардар“ кои се најдоа на страниците на календарот на „Пелистерка“ за 2016 година.

Темата на годинашниот календар ги спојува водата, спортот и модата, а ракометарките на „Вардар“ извонредно ја претставуваат таа заедничка совршена форма. Девојките, кои на терен сме навикнати да ги гледаме во многу поинакво, спортско издание, за потребите на календарот покажаа дека спортот и модната елеганција можат да бидат совршена комбинација.




- Како компанија со искуство повеќе од 60 години на пазарот, секогаш е големо задоволство да ги поставуваме трендовите и во нашата индустрија, но и генерално во општеството. Токму затоа, на проектите кои станаа заштиен знак на „Пелистерка“, соработуваме со најдобрите и најатрактивните жени во нашето општество и заедно правиме производ кој ќе претставува комплетно нова и различна визија од сето претходно – истакна Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“ на денешната промоција.

Снимањето на календарот се одвиваше на познат терен за ракометарките, во нивниот матичен спортски центар „Јане Сандански“. На теренот каде што секојдневно тренираат и победуваат, девојките го покажаа својот сексапил пред објективите на фотографскиот тандем Ани и Дими. Продуцент на календарот е Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“, извршен продуцент е Света Богова-Јовановска од „Фешн викенд Скопје“, а графичкиот дизајн е на Анита Гај. За шминката и фризурата на девојките се погрижи Зоран Шурбевски, стилист е Јована Зука, додека модниот дизајн е на Јована Филиповиќ.




Од компанијата „Пелистерка“ велат дека објавувањето на календарот стана традиција, а неговата промоција се претвори во значаен настан кој јавноста со нетрпение го очекува.

- Среќна сум што можам да ви го покажам календарот за 2016 година, во кој во полна физичка сила, неспорна харизма, сензуални и софистицирани блескаат ракометарките на „Вардар“. Верувам дека ја направивме една од најсилните врски меѓу убавината и здравјето од една и водата како нивната енергија, од друга страна – рече Панделеска.

Календарот може да се набави во фан-шопот на „Вардар“ во спортскиот центар „Јане Сандански“, преку интернет-страницата на ракометниот клуб, како и во маркетите на Тинекс и Веро.




Изминатите години страниците на календарот на „Пелистерка“ ги красеа дел од најголемите ѕвезди од Македонија, како што се Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара, Аделина Тахири, Маријана Станојковска, Викторија Лоба. Годинава за првпат на календарот се појавуваат девојки од странство, со оглед на тоа што речиси целиот тим на „Вардар“ е составен од интернационалки. Во редовите на македонскиот шампион има Русинки, Србинки, Црногорки, Французинки, Хрватки, Словенки и две Македонки.



КОМЕНТАРИ  
НАЈНОВО ОД SUPERGIRL  
ЗГОДНИ МАКЕДОНКИ
Запознајте ја Вера Хаган, штипјанката која што е достојна и за моделите на Victoria’s Secret
Вера Хаган можеби сè уште не е еден од ангелите на Викторија, но затоа пак е една од ретките македонки која што воопшто не се срами да ги покаже своите атр...
23.10.2015, 22:32


ЖЕШКИ ДЕВОЈКИ
Милионерки: Ова се најплатените порно-актерки на сите времиња
Џена Џејмисон, Лиса Ен и многу други актерки во филмови за возрасни можат да се пофалат со навистина висока заработувачка.
12.03.2015, 22:44


ОПАСНО ЗГОДНИ ЖЕНИ
Руска барбика: Таа има ангелско лице, но тело како вистински ѕвер!
Јулија Винс е 18-годишна Русинка која е исклучително популарна на YouTube мрежата но и во фитнес круговите поради тоа што има исклучително нежно лице, кое уште ...
18.02.2015, 15:25


ПРОВОКАТИВНИ СУПЕР ДЕВОЈКИ
Тие се познати по своите спортски победи, но и по своите облини!
Во спортот секогаш се најважни добрите резултати, но кога се работи за женскиот спорт, изгледот на спортистките секогаш успева да ги добие своите пет минути вни...
13.02.2015, 21:35


АНА ЗА СУПЕРМЕН
Ана Трајковска: Долгоногата тетовчанка која ги остава мажите без здив!
Супермен од денес е побогат за уште една прекрасна девојка од Македонија, која освен со својата убавина ќе ве воодушеви и со одговорите на нашите прашања. Ана Т...
12.02.2015, 16:15

 

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Погледнете како изгледа задникот на српската старлета – без фотошоп
Српската старлета Сораја Вучелиќ често ја обвинуваат дека повеќе престојува кај својот пластичен хир...
ВРЕМЕПЛОВ
Како се менувал Range Rover во текот на изминатиот половина век?
МАШКА МОДА
Стилски промашувања: Овие 10 машки модни трендови жените апсолутно не ги поднесуваат!
НЕСЕКОЈДНЕВНА АВАНТУРА
Прашање на денот: Колку долго може да се вози еден Mercedes без моторно масло?
САМО ОД КИНА
Кинески изум: Перење на автомобилот во перална без четки!
ВИДЕО 24чaса | 7дена | 30дена

Погледнете како изгледа задникот на српската старлета – без фотошоп
Српската старлета Сораја Вучелиќ често ја обвинуваат дека повеќе престојува кај својот пластичен хир...
ВРЕМЕПЛОВ
Како се менувал Range Rover во текот на изминатиот половина век?
ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
Кои се најмоќните телефони за 2016-та година според AnTuTu? Подгответе се за изненадување!
ФОТО 24чaса | 7дена | 30дена

Погледнете како изгледа задникот на српската старлета – без фотошоп
Српската старлета Сораја Вучелиќ често ја обвинуваат дека повеќе престојува кај својот пластичен хир...
ПРОВОКАТИВНО
Пред крајот на денот: Ова е само мал дел од најдобрите Instagram гради на едно место...
НАУТИКА
Кога Lexus ќе реши да го освои светот на наутиката...
ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'
 
ОДЛИЧЕН ТРИК
Тој го ставил ова под влошката на своите чевли, и сега два милиона луѓе имаат топли стапала!
ПРОВОКАТИВНО
Вероника е вистинска латино секс бомба: Пред да ги видите нејзините фотографии, длабоко вдишете!
ОЛДТАЈМЕРИ
Руиниран и заборавен Aston Martin DB4 од 430.000 евра
ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
Nokia 8 ги “удира” најсилните конкуренти на 26-ти февруари!