ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
ЗДРАВЈЕ И СПОРТМАШКА МОДАСЕКС И ЖЕНИБИЗНИС И ПАРИАВТОМОБИЛИСТИЛГЕЏЕТИSUPERGIRL

Тој е милионер, но не поседува ништо вредно: Знаел како да заработи, но не и како да живее...
20.12.2016 | 15:38
Извор: Супермен
Прочитано: 10487 пати

Оваа сосема необична приказна ќе ве потсети да го цените она што го поседувате.

Џон Вестенберг денес е претприемач којшто поседува консалтинг агенција. Како што навел во својот најнов јавно објавен текст, тој во својот живот запознал многу луѓе, слушнал многу приказни, но личноста којашто кај него оставила најсилен впечаток е еден милионер, којшто за Џон всушност бил најсиромашниот човек на светот.


Тој истакнал дека дружејќи се, запознавајќи се и работејќи со луѓето коишто имаат по неколку центи во својот џеб како и со оние коишто возат Maserati и Jaguar автомобили, тој го стекнал највредното искуство во животот. Сите тие луѓе го инспирирале, секако, секој на свој начин.

- Сфатив дека тоа колку пари имаат тие луѓе воопшто не претставува мерило за нивната среќа и не го менува фактот дека и тие трагаат по нови луѓе, изјавил Џон, додавајќи дека најмногу сака да зборува за еден човек којшто кај него оставил најголем впечаток.


Тој човек заработувал повеќе отколку што Џон некогаш можел да сонува. Работел со недвижнини, градел нови куќи и средувал стари, и тоа е само една негова професија, бидејќи тој работел и како “консултант за богатство”. Луѓето коишто го чекале, знаеле дека тој ќе им го даде токму она коешто го сакаат и по коешто трагаат.

Сепак, често се случувало за луѓето да плаќаат и сосема нереални цифри за недвижнини коишто не биле во најдобра состојба. А истите тие луѓе после тоа ги посетувале и неговите семинари од 5.000 долари, кадешто тој им раскажувал како губитокот да го претворат во профит. На неговите предавања редовно се појавувале најмалку по 15-на лица.

Едноставно кажано, тој бил милионер и тоа уште од најмлади години. А клиентите му плаќале многу повеќе од пари – тие му ги давале своите соништа. Џон вели дека ова сепак не е приказна со среќен крај, во којашто тој го добил она што го заслужува. И понатаму е милионер и работи, но она што Џон сака да го потенцира е фактот дека тој не е човек за којшто било кога би кажал дека е среќен, и дека воопшто поседува такви чувства.


- Никогаш не сум го видел да се смее вон потребите на состаноците. Никогаш не сум видел да го прегрнуваат деца или како ѝ недостасува на својата жена. Всушност, никогаш не сум запознал некој којшто му верува или некој којшто е со него близок, приватно. Кога подобро ќе размислам – тој човек и немал многу во својот живот.

За него тоа е човек којшто никогаш не направил ништо што вреди. Емотивно и духовно. Не градел блиски врски со другите, ниту пак со свои раце создал некаков производ во којшто верува и којшто е вреден. И Џон отворено вели – јас ги сакам парите, па што му фали на таквото чувство? Сепак, кога се работи за неговата листа на приоритетни нешта, парите воопшто не се при врвот...

За него, на пример, токму најубави моменти и спомени, се оние од студентските денови кога имал празни џебови, но создал незаборавни моменти со своето друштво и својата девојка. Кога, на пример, после забавите спиеле кај некој од пријателите, на ќебе, на подот, после неколку испиени шишиња евтино вино...


- Токму таквите спомени ме прават богат човек, и тие се поважни и од салдото на банкарската сметка, заклучува тој.

КОМЕНТАРИ  
НАЈНОВО ОД БИЗНИС И ПАРИ  
КАРИЕРА
Карактеристики на успешните мажи
Успехот е лична категорија, без разлика на објективните проценки. Успешните мажи често и не се обидуваат да бидат успешни – тие само настојуваат на адекватен на...
24.02.2017, 10:46


ЕНТЕРИЕР
Новото седиште на Apple: Професионалност или болен перфекционизам?
Дизајнерите на новото седиште на компанијата Apple посветиле неверојатно внимание на секој можен детал во зградата, пишува Рeuters.
09.02.2017, 15:33


МАФИЈА
Кои се најмоќните гангстери на сите времиња?
Сите добро знаеме дека “лошите момци” од реалноста имаат голема моќ во своите раце и тотална слобода да прават што сакаат, без да бидат фатени.
06.02.2017, 13:13


КОМПАНИИ
Mercedes “ги чести” своите работници со по 5.400 евра!
Токму толку изнесува годишниот бонус којшто германскиот производител ќе им го исплати на вработените после успешната 2016-та година.
06.02.2017, 12:23


БИЗНИС И ПАРИ / СУПЕРМЕН
Арогантниот животен стил му возвраќа: Џони Деп на работ на банкрот? Еве на што ги потрошил милионите...
Деп веќе во повеќе наврати и веќе бил опоменат дека троши без никаква контрола...
02.02.2017, 19:38

 

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво...
ВСЕЛЕНА
Ова се причините зошто сè уште не сме пронашле вонземјани
ДИГИТАЛНА ЕРА
Морничавата вистина за паметните телевизори за која никој не зборува
СЕКС НАМИРНИЦИ
Со природен афродизијак до подобар секс
ТРЕНДОВИ
Хипстерите се минато: Новата Hypebeast култура го презема светот?
ВИДЕО 24чaса | 7дена | 30дена

Што пие “The Mountain” за да биде огромен?
Тој е еден од најсилните луѓе на планетата, кој своите шејкови ги сфаќа многу сериозно.
РЕТРО
Porsche ги претстави своите 5 најретки спортски модели!
YOUTUBE
Disney ја прекина соработката со PewDiePie поради антисемитски испад
ФОТО 24чaса | 7дена | 30дена

Lenovo Yoga Book – исклучителен таблет за креативци во движење
Еден од уредите, коj минатата година привлече најмногу внимание на саемот IFA е хибридниот Lenovo Yo...
ИЗГЛЕД
Каква брада одговара на Вашиот облик на лице?
ПРОВОКАТИВНО
Згодната Соња Санта Круз често позира полугола. Или сосема гола...
ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'
 
ЕНТЕРИЕР
Новото седиште на Apple: Професионалност или болен перфекционизам?
МУСКУЛНА ГРАДБА
Консумирајте ја оваа намирница за совршени стомачни мускули!
АВТО-СОВЕТИ
Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Не губете време – дозволете робот да Ви го паркира автомобилот!