ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
ЗДРАВЈЕ И СПОРТМАШКА МОДАСЕКС И ЖЕНИБИЗНИС И ПАРИАВТОМОБИЛИСТИЛГЕЏЕТИSUPERGIRL

Кинескиот суперавтобус – најголема измама во 2016-та година?
03.01.2017 | 11:47
Извор: Супермен
Прочитано: 10722 пати

Поминаа неколку месеци откако во Кина беше претставен прототип од џиновскиот автобус на кат којшто се движи по шини. Меѓутоа, на патот кон реализацијата на овој проект, се појавиле и бројни, се чини непремостливи препреки.

Контроверзниот проект Transit Elevated Bus (TEB) за прв пат беше прикажан јавно во месец мај, сега веќе изминатата година, на Саемот за висока технологија во Пекинг, кога беше свечено изложена макетата од ова возило.

Системот TEB е замислен како комбинација од надземно метро и класичен автобус, а би претставувал алтернатива за автобускиот сообраќај и класичното подземно метро. Предвидено е да може да превезува голем број на луѓе во брзо растечките кинески градови со популација од десетина и повеќе милиони жители.

Со оглед на фактот дека се движи по површината на земјата, над патниот сообраќај, цената за изградба на инфраструктурата би била значајно пониска отколку во случајот со класичното метро.

Авторите на овој проект предвидуваа дека TEB ќе се движи на специјални шини коишто би биле поставени долж широките булевари, при што кабината на возилото би било издигната од коловозот, такашто под него непречено би се одвивал автомобилскиот сообраќај. Самата кабина би била модуларна, па поединечни сегменти од ова џиновско возило би можеле да се спојуваат, како вагони, при што во кабината би можеле да се превезат и до 1.400 патници.


А со оглед на тоа дека TEB има погон на струја, овој вид на превоз не би го зголемил загадувањето на воздухот коешто во големите кинески градови е на едно алармантно ниво, такашто еколошкиот фактор е впишан како дополнителен плус.

Ако се знае дека TEB претставува еквивалент на број од 30 до 40 конвенционални автобуси, заштедата на гориво би била исто така значајна. Сè на сè, бројните предности на овој вид на јавен превоз биле доволен аргумент за проектот од фаза на макета, да премине во фаза на изградба на прототип во природна големина.



Првото тест возење се случи во месец август, минатата година, проследено со големо внимание од страна на медиумите, а оценето е и со одлична оценка. Меѓутоа, набрзо се појавиле и бројни контроверзии во поглед на целиот проект, но пристигнале и првите обвиненија дека се работи за една најобична измама.

Една од главните причини зошто оваа идеја којашто на парче хартија ветува многу е прогласена за крајно сомнителна, лежи токму во површно изработениот и реализиран прототип. Всушност, TEB-1 којшто во месец август беше помпезно претставен на тест делница со должина од 300 метри, бил висок само 2 метри, па под него можеле да минуваат само исклучително ниски патнички возила. Со тоа, непречениот сообраќај на останатите моторни возила, како што претходно било најавувано, бил потполно неизводлив.

Значи, иако проектот предвидувал изградба на специјални шини по коишто TEB би се движел, се испоставило дека прототипот е поставен на некаков вид на гумени тркала.

Дополнителен сомнеж во контекст на изводливоста на целиот проект предизвикала и невозможноста за прототипот да врти во кривини – било демонстрирано исклучиво едноставно праволиниско движење на возилото.



Сериозен предизвик за авторите на овој проект претатавувала и комуникацијата помеѓу возачот на џиновскиот автобус и возачите на патничките возила коишто би се движеле под него, особено ако автомобилот го менува правецот на движење. Многумина поради тоа предвидувале дека возачите би биле изложени на дополнителен стрес, како и тоа дека би пораснал бројот на сообраќајни инциденти и незгоди.

А освен очигледните технички недостатоци кај прототип моделот, се појавиле и бројни контроверзии околу самиот инвеститор на проектот. Компанијата Tebtech веќе и се повлекла од задачата откако се појавила и веста дека властите во градот Куинхуангдао и воопшто не дале согласност за проектот за џиновскиот автобус.

Од друга страна, креаторите на прототипот застанале во своја одбрана, тврдејќи дека првото тест возење и не претставувало вистинска проба, туку дел од процесот на интерно испитување на возилото. Меѓутоа, потоа следеле и нови обвиненија дека компанијата Tebtech се обидела да ги измами потенцијалните инвеститори.


И така, за само неколку месеци, почетниот ентузијазам по повод целиот проект TEB, којшто требало да претставува решение за проблемите во сообраќајот и загадувањето на воздухот во кинеските, но и во големите градови кај некои од останатите растечки економии, како што е Индија, спласнал речиси комплетно.

Сега судбината на проектот е неизвесна, па дури и кинеските власти се обидуваат да ја “замачкаат” целата приказна цензурирајќи ја веста за џиновскиот автобус. Eдинствени видливи траги остава споменатиот несреќен прототип којшто е оставен да пропаѓа на улиците во градот Куинхуангдао, кадешто, како што велат граѓаните, единствено само зазема простор и го попречува редовниот сообраќај.

КОМЕНТАРИ  
НАЈНОВО ОД БИЗНИС И ПАРИ  
БОГАТИ И СЛАВНИ
Семеен мир покрај море: “Ѕирнете” во луксузната вила на Рафаел Надал
Познатите тенисери секоја година вредно работат, па и не треба да нè чудат нивните луксузни вили коишто се секогаш сместени на егзотични дестинации.
13.01.2017, 22:01


НЕСЕКОЈДНЕВНИ ПРИКАЗНИ
Затворот му донесе огромна слава и богатство: Вака живее денес “најубавиот криминалец”!
Тој заврши во затвор во 2014-та година, поради поседување на оружје без дозвола, а на слобода е пуштен во месец март минатата година, после што животот му се пр...
03.01.2017, 16:05


БИДЕТЕ УСПЕШНИ
Ова мора да го прочита секој: Ајнштајн на својот син му ја открил тајната како најлесно да научи сè што ќе посака
Ова е веројатно и најдобриот совет којшто би требало да го примените – а доаѓа директно од Алберт Ајнштајн.
21.12.2016, 16:55


СТОРИИ
Тој е милионер, но не поседува ништо вредно: Знаел како да заработи, но не и како да живее...
Оваа сосема необична приказна ќе ве потсети да го цените она што го поседувате.
20.12.2016, 15:38


БИЗНИС И ПАРИ
Украл 5.700 iPhone телефони и заработил 2.2 милиони долари: Што мислите, како успеал?
Компанијата Foxconn оваа недела се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако беше објавено дека еден од нивните менаџери, заедно со уште неколку врабо...
07.12.2016, 20:56

 

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Погледнете како изгледа задникот на српската старлета – без фотошоп
Српската старлета Сораја Вучелиќ често ја обвинуваат дека повеќе престојува кај својот пластичен хир...
ВРЕМЕПЛОВ
Како се менувал Range Rover во текот на изминатиот половина век?
МАШКА МОДА
Стилски промашувања: Овие 10 машки модни трендови жените апсолутно не ги поднесуваат!
НЕСЕКОЈДНЕВНА АВАНТУРА
Прашање на денот: Колку долго може да се вози еден Mercedes без моторно масло?
САМО ОД КИНА
Кинески изум: Перење на автомобилот во перална без четки!
ВИДЕО 24чaса | 7дена | 30дена

Погледнете како изгледа задникот на српската старлета – без фотошоп
Српската старлета Сораја Вучелиќ често ја обвинуваат дека повеќе престојува кај својот пластичен хир...
ВРЕМЕПЛОВ
Како се менувал Range Rover во текот на изминатиот половина век?
ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
Кои се најмоќните телефони за 2016-та година според AnTuTu? Подгответе се за изненадување!
ФОТО 24чaса | 7дена | 30дена

Погледнете како изгледа задникот на српската старлета – без фотошоп
Српската старлета Сораја Вучелиќ често ја обвинуваат дека повеќе престојува кај својот пластичен хир...
ПРОВОКАТИВНО
Пред крајот на денот: Ова е само мал дел од најдобрите Instagram гради на едно место...
НАУТИКА
Кога Lexus ќе реши да го освои светот на наутиката...
ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'
 
ОДЛИЧЕН ТРИК
Тој го ставил ова под влошката на своите чевли, и сега два милиона луѓе имаат топли стапала!
ПРОВОКАТИВНО
Вероника е вистинска латино секс бомба: Пред да ги видите нејзините фотографии, длабоко вдишете!
ОЛДТАЈМЕРИ
Руиниран и заборавен Aston Martin DB4 од 430.000 евра
ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
Nokia 8 ги “удира” најсилните конкуренти на 26-ти февруари!