ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
ЗДРАВЈЕ И СПОРТМАШКА МОДАСЕКС И ЖЕНИБИЗНИС И ПАРИАВТОМОБИЛИСТИЛГЕЏЕТИSUPERGIRL

Најбрзото Bentley на светот – Continental Supersports со импресивни 710 КС!
09.01.2017 | 12:54
Извор: Супермен
Прочитано: 2286 пати

Новата година веќе ни пристигна, а со неа ни пристигна и новото Bentley, којшто ја носи круната – најбрзиот Bentley модел на сите времиња.

Сместен на пиедесталот на Continental асортиманот, Supersports моделот го придвижува унапредена верзија од 6.0-литарскиот W12 мотор којшто поседува 710 коњски сили. Клучот на Supersports неверојатниот погон се новите турбо полначи со висок капацитет, како и ревидираниот систем за ладење, коишто му даваат дополнителна снага.


Инаку, овој луксузен модел тежи дури 2.7 тони и од нула до “стотка” забрзува за 3.4 секунди – колку за пример, Lamborghini Huracán тоа го прави за 3.2 – што го чини овој Bentley модел да биде токму оној со најдобро забрзување.

Со максимална брзина од 336 километри на час, ова е исто така најбрзиот четирисед, како што велат од овој бренд. А она што ја канализира целата таа сила во еден елегантен управувачки систем е специјално калибрираниот систем којшто индивидуално ги запира предните и задните тркала. Ниската и поцврста суспензија пак во однос на неговите претходници, му даваат на овoј Bentley модел можност за агилно, но и исклучително удобно возење.


А она според кое овој модел исто така се издвојува од масата се и карбонскиот сплитер и дифузер во предниот дел, како и задниот браник. Решетката и вентилите добиле црни матирани завршни детали, а дополнително се потенцирани и црните предни светла како и позиционите светла.

Оваа темна тема се продолжува и во возачката кабина, кадешто вниманието го одзимаат темните рачки на вратите, а како што може да се забележи, црната боја ги заменила и хромираните детали.


Во оваа верзија ќе биде понуден и кабриолет модел – Continental Supersports Convertible, којшто ја носи својата круна како најбрз кабриолет на светот, којшто забрзува од нула до 100 за 3.7 секунди и има максимална брзина од 330 километри на час. И додека купе верзијата чини 296.025 долари, кабриолетот чини 325.325 долари.

Па, за оние коишто имаат малку подлабок џеб, еден од овие два модела може да претставува вистински “празничен десерт”.



КОМЕНТАРИ  
НАЈНОВО ОД АВТОМОБИЛИ  
АВТО-СОВЕТИ
Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво во резервоарот. Тоа значи дека резервоарот никогаш не би тр...
23.02.2017, 10:35


АВТОМОБИЛ НА ИДНИНАТА
Пристигна првиот летечки автомобил – неговата сума изнесува 400 илјади долари!
Холандската компанија PAL-V, уште во 2012 година претстави прототип на летечки автомобил, а пет години подоцна ја нудат на своите купувачи првата и официјална в...
21.02.2017, 12:51


НОВИТЕТИ
Распродаден и пред премиерата: Pagani Huayra Roadster
Еден од најекслузивните суперспортски автомобили на денешницата доби своја верзија со отворен покрив.
20.02.2017, 15:44


ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ
Со помош на Tesla запрел автомобил чиј возач доживеал инфаркт!
Возач на Tesla S од Германија успеал да ја намали брзината, а потоа и безбедно да запре Volkswagen Passat кој неконтролирано се движел по автопатот.
16.02.2017, 14:56


РЕТРО
Porsche ги претстави своите 5 најретки спортски модели!
Автомобилската компанија Porsche ги отвори своите архиви и одбра пет најретки спорстки модели од својата богата историја.
14.02.2017, 10:37

 

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво...
ВСЕЛЕНА
Ова се причините зошто сè уште не сме пронашле вонземјани
ДИГИТАЛНА ЕРА
Морничавата вистина за паметните телевизори за која никој не зборува
СЕКС НАМИРНИЦИ
Со природен афродизијак до подобар секс
ТРЕНДОВИ
Хипстерите се минато: Новата Hypebeast култура го презема светот?
ВИДЕО 24чaса | 7дена | 30дена

Што пие “The Mountain” за да биде огромен?
Тој е еден од најсилните луѓе на планетата, кој своите шејкови ги сфаќа многу сериозно.
РЕТРО
Porsche ги претстави своите 5 најретки спортски модели!
YOUTUBE
Disney ја прекина соработката со PewDiePie поради антисемитски испад
ФОТО 24чaса | 7дена | 30дена

Lenovo Yoga Book – исклучителен таблет за креативци во движење
Еден од уредите, коj минатата година привлече најмногу внимание на саемот IFA е хибридниот Lenovo Yo...
ИЗГЛЕД
Каква брада одговара на Вашиот облик на лице?
ПРОВОКАТИВНО
Згодната Соња Санта Круз често позира полугола. Или сосема гола...
ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'
 
ЕНТЕРИЕР
Новото седиште на Apple: Професионалност или болен перфекционизам?
МУСКУЛНА ГРАДБА
Консумирајте ја оваа намирница за совршени стомачни мускули!
АВТО-СОВЕТИ
Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Не губете време – дозволете робот да Ви го паркира автомобилот!