ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
ЗДРАВЈЕ И СПОРТМАШКА МОДАСЕКС И ЖЕНИБИЗНИС И ПАРИАВТОМОБИЛИСТИЛГЕЏЕТИSUPERGIRL

Моќното Audi Q8 заблеска во Детроит!
10.01.2017 | 12:09
Извор: Супермен
Прочитано: 5069 пати

Најзначајниот северноамерикански Саем за автомобили, Audi побрза да го искористи за на јавноста да и го претстави концептот за идниот продукциски SUV модел Q8.

Поради специфичните линии на покривот и задниот дел од возилото – поради кои концептот има спортска силуета – Q8 обезбедува простор за само 4 лица, и покрај фактот што овој купе кросовер модел е подолг и поширок и од Audi Q7.

Во споредба со Q7, Audi Q8 е визуелно значајно поелегантен и поагресивен, особено кога се гледа странично и во предниот дел. Страничните стакла овојпат немаат рамки, како што е тоа случај кај вистинските спортски купе модели, а “мускулестата” појава на автомобилот ја заокружуваат 23-инчните алуминиумски фелни и проширувањата на лаковите над тркалата.


На задниот дел од возилото пак се издвојуваат LED стоп светлата коишто се прошируваат по целата широчина на автомобилот.


Очекувано, во кабината доминираат екраните чувствителни на допир, додека класичните физички команди и тастери речиси во потполност се “протерани” од ентериерот.



За погон во рамките со владеачките еколошки трендови овојпат е избран Plug-in хибриден систем којшто се состои од 3.0-литарски V6 турбо бензинец и електричен агрегат, додека за пренос на снагата на тркалата е употребен осумбрзински автоматски менувач.

Вкупната комбинирана снага на погонскиот систем достигнува 449 КС (330 kW), a максималниот вртлив момент изнесува 700 Nm. Притоа, Audi тврди дека Q8 е во состојба од 0 до 100 километри на час да забрза за 5.4 секунди, пред да ги достигне електронски лимитираните 250 километри на час.

На парче хартија пак, автомобилот просечно троши 2.3 литри на изминати 100 километри.

Електромоторот струјата ја добива од литиум-јонски батерии со капацитет од 17.9 kWh, благодарение на кој Audi Q8 може да се вози и исклучиво со помош на електрична енергија и на тој начин да мине и до 60 километри, пред батеријата сосема да се испразни. Вкупната автономија во возењето, заедно со активираниот бензински мотор, изнесува околу 1.000 километри.

На полнач од 7.2 kW, батеријата може во потполност да се надополни за два и пол часа.






И иако станува збор за концепт, Audi планира сериска верзија веќе од следната 2018-та година, којашто ќе им се придружи на сестринските топ SUV модели од VW групацијата, како што се Bentley Bentayga, Porsche Cayenne и најавениот Lamborghini Urus. Тогаш ќе дознаеме и колку елементи самото продукциско возило ќе преземе од концептниот Q8 модел.



Повеќе фотографии погледнете во нашата фото галерија.

КОМЕНТАРИ  
НАЈНОВО ОД АВТОМОБИЛИ  
АВТО-СОВЕТИ
Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво во резервоарот. Тоа значи дека резервоарот никогаш не би тр...
23.02.2017, 10:35


АВТОМОБИЛ НА ИДНИНАТА
Пристигна првиот летечки автомобил – неговата сума изнесува 400 илјади долари!
Холандската компанија PAL-V, уште во 2012 година претстави прототип на летечки автомобил, а пет години подоцна ја нудат на своите купувачи првата и официјална в...
21.02.2017, 12:51


НОВИТЕТИ
Распродаден и пред премиерата: Pagani Huayra Roadster
Еден од најекслузивните суперспортски автомобили на денешницата доби своја верзија со отворен покрив.
20.02.2017, 15:44


ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ
Со помош на Tesla запрел автомобил чиј возач доживеал инфаркт!
Возач на Tesla S од Германија успеал да ја намали брзината, а потоа и безбедно да запре Volkswagen Passat кој неконтролирано се движел по автопатот.
16.02.2017, 14:56


РЕТРО
Porsche ги претстави своите 5 најретки спортски модели!
Автомобилската компанија Porsche ги отвори своите архиви и одбра пет најретки спорстки модели од својата богата историја.
14.02.2017, 10:37

 

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво...
ВСЕЛЕНА
Ова се причините зошто сè уште не сме пронашле вонземјани
ДИГИТАЛНА ЕРА
Морничавата вистина за паметните телевизори за која никој не зборува
СЕКС НАМИРНИЦИ
Со природен афродизијак до подобар секс
ТРЕНДОВИ
Хипстерите се минато: Новата Hypebeast култура го презема светот?
ВИДЕО 24чaса | 7дена | 30дена

Што пие “The Mountain” за да биде огромен?
Тој е еден од најсилните луѓе на планетата, кој своите шејкови ги сфаќа многу сериозно.
РЕТРО
Porsche ги претстави своите 5 најретки спортски модели!
YOUTUBE
Disney ја прекина соработката со PewDiePie поради антисемитски испад
ФОТО 24чaса | 7дена | 30дена

Lenovo Yoga Book – исклучителен таблет за креативци во движење
Еден од уредите, коj минатата година привлече најмногу внимание на саемот IFA е хибридниот Lenovo Yo...
ИЗГЛЕД
Каква брада одговара на Вашиот облик на лице?
ПРОВОКАТИВНО
Згодната Соња Санта Круз често позира полугола. Или сосема гола...
ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'
 
ЕНТЕРИЕР
Новото седиште на Apple: Професионалност или болен перфекционизам?
МУСКУЛНА ГРАДБА
Консумирајте ја оваа намирница за совршени стомачни мускули!
АВТО-СОВЕТИ
Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Не губете време – дозволете робот да Ви го паркира автомобилот!