ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
ЗДРАВЈЕ И СПОРТМАШКА МОДАСЕКС И ЖЕНИБИЗНИС И ПАРИАВТОМОБИЛИСТИЛГЕЏЕТИSUPERGIRL

Чист луксуз на јапонски начин: Lexus LS за 2017
11.01.2017 | 11:12
Извор: Супермен
Прочитано: 3060 пати

Новиот LS има препознатливи стилски елементи, карактеристични за најновата генерација на Lexus моделите, како што е на пример уникатната маска на ладилникот како и предните светла во облик на бумеранг.

Изминаа 28 години откако првата генерација на луксузната лимузина LS го имаше своето деби на Саемот за автомобили во Детроит, во 1989-та година. Симболично, најновиот, петти модел во низата, за своето прво појавување во јавноста е исто така презентиран на истиот Саем за автомобили, речиси три децении подоцна.


Како што велат од Lexus, автомобилот којшто претставува врв во понудата на јапонскиот премиум производител има впечатлив и уникатен визуелен идентитет и највисоко ниво на луксуз во внатрешноста, како и во острата конкуренција би ги привлекол купувачите во повеќе од 90 земји во коишто ќе се продава.

Новиот LS е поставен на продолжена механичка платформа со заден погон којашто ја користи и моделот Lexus LC 500 Coupe. Во однос на заминувачкиот модел, 4-та генерација, новиот модел има нешто поспортски пропорции, со оглед на фактот дека е понизок за 1.5 сантиметри.


Автомобилот е долг 5.235 милиметри, широк 1.900 милиметри и висок 1.450 милиметри, што го сместува во рангот со BMW Серија 7 или Mercedes S-Class.

На купувачите на расплагање ќе им бидат алуминиумски фелни со големина од 19 или 20 инчи, а напредните технологии и лесните материјали коишто се користени при проектирањето и конструирањето на LS моделот од 5-та генерација овозможиле автомобилот да биде за повеќе од 90 килограми полесен од претходникот.


За погон овојпат е употребен нов 3.5-литарски twin-turbo V6 агрегат, развиен со помош на Ф1 технологија. Моторот нуди снага во ранот на V8 агрегатите, но со помала потрошувачка на гориво, велат од Lexus.

Оваа погонска единица испорачува 415 КС, а максималниот вртлив момент е 600 Nm, што според фабричките податоци е доволно за лимузината да забрза од 0 до 96 километри на час за само 4.5 секунди.



Моторот е инаку поврзан со нов десетобрзински автоматски менувач, преземен од LC 500.
Овој луксузен автомобил, којшто најверојатно нема да имаме прилика да го видиме на нашите патишта, најпрво ќе се појави во американските продажни салони, а првите испораки се планирани за крајот на оваа 2017-та година.













КОМЕНТАРИ  
НАЈНОВО ОД АВТОМОБИЛИ  
АВТО-СОВЕТИ
Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво во резервоарот. Тоа значи дека резервоарот никогаш не би тр...
23.02.2017, 10:35


АВТОМОБИЛ НА ИДНИНАТА
Пристигна првиот летечки автомобил – неговата сума изнесува 400 илјади долари!
Холандската компанија PAL-V, уште во 2012 година претстави прототип на летечки автомобил, а пет години подоцна ја нудат на своите купувачи првата и официјална в...
21.02.2017, 12:51


НОВИТЕТИ
Распродаден и пред премиерата: Pagani Huayra Roadster
Еден од најекслузивните суперспортски автомобили на денешницата доби своја верзија со отворен покрив.
20.02.2017, 15:44


ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ
Со помош на Tesla запрел автомобил чиј возач доживеал инфаркт!
Возач на Tesla S од Германија успеал да ја намали брзината, а потоа и безбедно да запре Volkswagen Passat кој неконтролирано се движел по автопатот.
16.02.2017, 14:56


РЕТРО
Porsche ги претстави своите 5 најретки спортски модели!
Автомобилската компанија Porsche ги отвори своите архиви и одбра пет најретки спорстки модели од својата богата историја.
14.02.2017, 10:37

 

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
Една од работите кои при возењето би требало да ја избегнувате е возењето со мала количина на гориво...
ВСЕЛЕНА
Ова се причините зошто сè уште не сме пронашле вонземјани
ДИГИТАЛНА ЕРА
Морничавата вистина за паметните телевизори за која никој не зборува
СЕКС НАМИРНИЦИ
Со природен афродизијак до подобар секс
ТРЕНДОВИ
Хипстерите се минато: Новата Hypebeast култура го презема светот?
ВИДЕО 24чaса | 7дена | 30дена

Што пие “The Mountain” за да биде огромен?
Тој е еден од најсилните луѓе на планетата, кој своите шејкови ги сфаќа многу сериозно.
РЕТРО
Porsche ги претстави своите 5 најретки спортски модели!
YOUTUBE
Disney ја прекина соработката со PewDiePie поради антисемитски испад
ФОТО 24чaса | 7дена | 30дена

Lenovo Yoga Book – исклучителен таблет за креативци во движење
Еден од уредите, коj минатата година привлече најмногу внимание на саемот IFA е хибридниот Lenovo Yo...
ИЗГЛЕД
Каква брада одговара на Вашиот облик на лице?
ПРОВОКАТИВНО
Згодната Соња Санта Круз често позира полугола. Или сосема гола...
ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'
 
ЕНТЕРИЕР
Новото седиште на Apple: Професионалност или болен перфекционизам?
МУСКУЛНА ГРАДБА
Консумирајте ја оваа намирница за совршени стомачни мускули!
АВТО-СОВЕТИ
Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Не губете време – дозволете робот да Ви го паркира автомобилот!