Ирма на Куба

На 8-ми септември, ураганот Ирма направил пустош на Куба како најголемата деструктивна бура досега класифицирана со Категорија 5, која неколку часови се движела по должината на северниот брег, пред да се сврти кон север кон Флорида. Силните ветрови ги срушиле покривите од зградите, искорнале дрвја, рушеле енергетски столбови и ги блокирале патиштата низ централна и северна Куба. Крајбрежните и внатрешните градови биле преплавени од атмосферски води, оставајќи делови од Хавана потопени под вода. Повеќе од еден милион жители и туристи, како мерка на претпазливост биле евакуирани пред бурата.