Во пресрет на Зимските олимпски игри: Како се одвиваат подготовките во Пјонгчанг?

Дваесет и третите Зимски олимписки игри почнуваат денеска во јужнокорејскиот град Пјонгчанг и се прогласени за најстудени во историјата, пренесува BBC. За политичкиот свет ова е исклучителен момент, бидејќи на Олимпијадата учествува и Северна Кореја. Паралелно со спортските натпревари во Пјонгчанг, оддалечен само 80 километри од добро чуваната граница со Северна Кореја, ќе се одвиваат и низа политички настани иако сè уште постои нелагодност поради потенцијалната нуклеарна војна во тој регион, пренесуваат светските медиуми.