Во човечка форма: Како би изгледале државите доколку би биле луѓе?

Како би изгледале државите како луѓе? Ова е прашањето што си го поставила руската уметница Анастасија Булгакова пред да го започне нејзиниот последен проект. “Цртам персонификации на разни држави. Сите тие ќе бидат воини, со крв и земја. Не поради некое политичко убедување, туку едноставно затоа што идејата за земји-воини дава многу креативна слобода”, вели таа.