Вредни vs. безвредни калории

Точка

19/05/2017

11:35

451

Големина на фонт

а а а

Оризовите крекери кои имаат само 35 калории по парче се вбројуваат во нискокалорични намирници, но тие немаат нутритивна вредност.

Поголемиот дел од калориите доаѓаат од белите, рафинирани јаглехидрати кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што набрзо доведува до повторно чувство на глад. Наместо оризови крекери, одлучете се за неколку бадеми или други јаткасти плодови.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека немасниот јогурт може да содржи до 5 лажици шеќер на 150 грама. Наместо немасен јогурт, одберете грчки јогурт кој содржи 20 грама протеини на секои 170 грама, кои се потребни за одржување на здрави мускули, кожа и коса.


Бројните диетални плочки од житарки можат да се пофалат со ниска калориска вредност, но истовремено се полни со шеќери. Некои од нив содржат дури до 40% шеќери, покажува едно неодамешно истражување, спроведено на 15 различни диетални барови. Од таа причина е важно секогаш да ги проверувате состојките на намирниците кои ги купувате.

Намирници со вредни калории

Авокадото има 400 калории, но големата количина на здрави мононезаситени масни киселини помага во одржување на ниското ниво на холестерол во крвта, покажуваат резултатите од истражувањето, објавено во списанието Journal of the American Heart Association.

Маслиновото масло има отприлика 120 калории по една лажица, но содржи изобилство од антиоксиданси и здрави маснотии, што придонесува за здравјето на срцето. Исто така, медитеранската исхрана го намалува ризикот од рак на дојка, покажуваат студиите од универзитетот во шпанскиот град Навара.


Јајцата, често се одбегнувани поради мислењето дека се полни со маснотии, но тие содржат липиди кои се исклучително здрави за срцето. Едно јајце има околу 70 калории, што одговара на бројот на калории во чоколадните кекси, но за разлика од нив, јајцата не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и не предизвикуваат нагло чувство на глад во организмот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk