The Witcher пристигнува и на Netflix

Точка

19/05/2017

14:27

533

Големина на фонт

а а а

Познатата телевизиска мрежа Netflix објави дека наскоро започнува со продукција на ТВ серија, која ќе се базира на серијалот книги The Witcher.

На серијата ќе работи познатото студио за специјални ефекти Platige Image, како и продуцентот Шон Даниел (познат по серијалот Мумија) и Џејсон Браун. 

Серијата ќе биде адаптација на книгите, а не на играта, а како главен наративен консултант ќе работи и творецот на целиот Witcher свет – писателот Андреј Сапковски. Тој во оваа прилика изјавил дека му е драго што Netflix останува верен на оригиналот и темите кои тој ги развивал во период од 30 години, и дека се радува на соработката со талентираниот тим кој стои позади продукцијата на серијата.


Познато е дека Сапковски не е голем љубител на видео-игрите The Witcher, бидејќи смета дека тие се директни виновници за намалувањето на продажбите на неговите книги

Но, ова нема да биде првата ТВ серија за популарниот Гералт, бидејќи веќе постои полска ТВ адаптација на овој серијал книги, работена на почетокот на овој век.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk