Како изгледа диетата на Том Брејди?

Точка

19/05/2017

15:34

1.271

Големина на фонт

а а а

Прочуениот квотербек на Петриотс е познат по спортскиот начин на живот и желбата да напредува во секој аспект од својата игра и физичката кондиција.

Тајната на неговиот огромен успех лежи во строгите диети кои се испланирани до детаљ. Во едно неодамнешно интервју за порталот Boston, неговата сопруга Жизел Бундшен објаснила како изгледа неговиот режим на исхрана. 

“Неговата исхрана се состои од 80% зеленчук. Том избира исклучиво свеж органски зеленчук, во спротивно одбива да го консумира. Тука се и интегралните житарици, интегралниот ориз, киноата, просото и гравот. Остатокот од исхраната вклучува квалитетно месо, како што е бифтекот од органско говедско месо и свинско месо. Тука е, секако и рибата, а Том претпочита да консумира варен лосос” – вели славната манекенка.


Што се однесува до состојките кои Брејди ги избегнува, тука се белите шеќери, белото брашно и квасецот, јодираната сол, доматите, лутите пиперчиња и печурките. Консумира големи количини на банани, за кои смета дека се вистинско “машко овошје”, а за десерт одбира непечени макаронс и сега веќе прочуениот сладолед од авокадо.

Иако неговиот режим на исхрана не е едноставен, во случајот на оваа икона на американскиот спорт се покажа како многу делотворен, со оглед на тоа што Брејди има 39 години, но сè уште нема намера да ја остави зад себе својата успешна кариера.



Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk