Навивачите на Шалке ќе плаќаат пиво и колбаси со помош на чип

Точка

19/05/2017

16:40

436

Големина на фонт

а а а

Во новите дресови наменети за љубителите на фудбалскиот клуб Шалке ќе има сошиен електронски чип кој ќе им овозможува плаќање во една онлајн самопослуга – нов спонзор на клубот.

Бундеслигашкиот клуб соопшти дека чипот кој ќе биде вграден во ракавот од дресот со знакот на продавницата „AllyouneedFresh“ ќе им овозможува на навивачите да купуваат пиво и колбаси на стадионот. 


На дресовите од играчите ќе ги нема тие чипови бидејќи тие „ретко одат на штандовите со пиво и колбаси на полувремето“, истакна директорката за комуникација на Шалке.

Спонзорскиот договор на Шалке и онлајн продавницата е потпишан на четири години, а ќе започне да се применува од следната година. Магазинот „Кикер“ објави дека вредноста на договорот е 20 милиони евра.

Маркетинг директорот на клубот, Алекдандер Џобст изјави дека клубот е горд што прв во светот ќе претстави ваков дрес со чип за плаќање.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk