Пет историски факти за кои не сме сигурни дали се вистина или лага

Точка

30/05/2017

16:28

3.227

Големина на фонт

а а а

Современото доба е доба на информации, во кое лесно можеме да дознаеме сè што нè интересира, од моментот на настанување на човекот (и пред тоа) па сè до денес.

Меѓутоа, некогаш може да се наиде на изјави кои го оспоруваат тоа знаење и точноста на тие информации и знаци кои наведуваат дека некои од добропознатите историски факти всушност не се точни. Во продолжение, погледнете ги петте историски факти за кои сè уште не сме сигурни дали се вистина или не.

Сфингата која се наоѓа во Гиза е еден од симболите на тој дел од Земјата, но и симбол на една дамнешна историја. Оваа сфинга е позната по тоа што нема нос, а според едно од преданијата, главниот виновник за тоа е Наполеон Бонапарта и неговата војска кои го “отстрелале” носот при походот во Египет во 1798. година. Но, за разлика од ова мислење, во 1737. година, данскиот патописец Фредерик Норден, во една од своите белешки ја портретирал Сфингата без нос што докажува дека тој дел не постоел од претходно и дека Бонапарта нема ништо со тоа.


Кога ќе се спомене Ван Гог, освен неговите слики и дела, неизбежно е да се спомене и фактот дека тој немал едно уво. Една од приказните за тоа е навистина бизарна, бидејќи говори дека тој си го отсекол увото и ѝ го испратил на својата сакана, но вистината е поинаква. Имено, по расправија со својот пријател Пол Гоген, во која Ван Гог го нападнал со жилет, истата вечер бидејќи се покајал, во состојба на лудило и афект си го отсекол долниот дел од увото.


Викинзите секогаш се претставени со необични метални шлемови со рогови на врвот, кои биле дел од нивната воена опрема и гардероба. Меѓутоа, бројните истражувања покажале дека ваквите шлемови се користеле и пред нив - во Бронзеното доба, односно постојат верувања дека Викинзите ги користеле шлемовите за обреди и ритуали, но не и за војување.


Стоунхенџ е и понатаму една од најголемите светски мистерии. Од година во година се раѓаат нови тези и мислења за тоа како воопшто настанал овој феномен, но единствено што е вистинито се бројните истражувања кои покажуваат дека дешениот Стоунхенџ повеќе не изгледа на оној во древните времиња.


Како што пишува во сите училишни книги, Америка е откриена од страна на Кристофер Колумбо во далечната 1492. година и речиси да не постои личност на која таа информација му е непозната. Но, новите истражувања покажуваат дека првите луѓе кои го откриле овој “Нов свет” се Викинзите при крајот на 10. век, а не италијанскиот морепловец како што досега се сметаше.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk