Сметал дека е престар за вежбање: Татко го трансформирал своето тело за 12 недели

Точка

07/06/2017

18:20

15.801

Големина на фонт

а а а

45-годишниот Бен Џексон од Варингтон, Англија ја открил тајната на својата неверојатна трансформација за само 12 недели.

Дебелината или недостатокот на мускули се нешто со кое многумина мажи се соочуваат, но Џексон докажал дека тоа не мора да биде така. Тој се обратил на една спортско-прехранбена компанија која му помогнала да го добие телото од соништата.

Бен ослабел седум килограми и ја намалил телесната маснотија за 20%, што е многу важно за истакнување на мускулната структура и здравјето на организмот.


Тој, питата и пивото ги заменил со нискокалорична храна, богата со протеини. Следел строг план на исхрана, се откажал од алкохолот и тренирал пет пати неделно. Наместо енергетски пијалоци, чоколади и брза храна, Џексон консумирал шест помали порции дневно во кои биле вклучени пилешко, ориз, зеленчук, јајца и тестенини.

“Многу мажи кои се постари од 45 години сметаат дека веќе е доцна за обликување на нивното тело, поради помислата дека ја немаат истата издржливост како во своите 20-ти години. Мојата главна цел беше да ослабам, да ја вратам кондицијата и да го обликувам телото”, вели Џексон.


Тој истакнува дека се променил целосно, не само физички туку и психички.

“Сега многу подобро спијам, имам поголемо трпение со своите деца и проблемите на работното место не ми се приоритет. Среќен сум и се надевам дека со ова ќе ги инспирирам и останатите средновечни мажи да се активираат и да започнат со водење на здрав живот”, истакнува Бен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk