Фискер се враќа во игра – пристигнува новиот модел на струја

Точка

19/06/2017

11:10

645

Големина на фонт

а а а

Креаторот на Karma, Хенрик Фискер, ја објави првата фотографија на новата луксузна спортска електрична лимузија – моделот EМotion.

Додека неговата поранешна компанија за производство на хибридни електрични автомобили по банкротот ја презеде нов сопственик, кој продолжи да го произведува унапредениот модел Karma Revero, Хенрик Фискер целосно се посвети кон нов проект – електричниот модел EМotion, кој што на пазарот ќе му се спротивстави на популарниот Tesla S. 


Новиот автомобил во себе ги има елементите на дизајнот на Karma, а според зборовите на неговиот творец ќе има автономија во возењето од околу 400 милји (околу 640 километри). Освен тоа, EMotion со помош на специјалниот брз полнач ќе биде во состојба за само девет минути да ја дополни батеријата до толку да може да помине дополнители 100 милји (околу 160 километри).


Фискер најави дека книгата за нарачки за новиот модел ќе биде отворена на 30. јуни, а официјалната премиера на автомобилот ќе биде одржана на 17. август oваа година.

Сепак, првите сопственици ќе мораат да бидат трпеливи, затоа што почетокот на производството е планиран дури за 2019. година. Цената засега не е соопштена.



Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk