Црното море ја промени својата боја

Точка

19/06/2017

12:48

4.011

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека Црното море ја променило својата боја. На фотографијата од вселената може да се забележи дека морето сега има тиркизно-бисерна нијанса.

Посебно светлите области се појавиле на брегот на Романија, Бугарија и Украина. 

Промената на бојата е поврзана со цветањето на коколитофорите – планктонски алги на чија површина се складира калциум-карбонат.


Во периодот на нивното масовно цветање, овие микроскопски организми ја разблажуваат водата на Црното Море. Со оглед на тоа што движењето на планктоните е одредено од страна на водените струи, од вселената на фотографијата се гледаат големи „вртлози“.

Овој морски феномен се смета за сосема нормален за јуни, иако оваа година водата е многу посветла од порано, наведуваат научниците. Тие укажуваат дека активното цветање на алгите може да доведе до недостаток на кислород во водата, а тоа пак, може да им наштети на морските организми.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk