Airbus ќе го претстави првото летачко такси без пилот

Точка

19/06/2017

14:23

993

Големина на фонт

а а а

Компанијата Airbus планира до крајот на годината да претстави прототип на летачко такси без пилот, кое ќе го промени начинот на кој патуваме.

Превозните средства се секојдневна потреба, а бројните компании интензивно започнаа да се вклучуваат во развојот на нови решенија. Airbus, како еден од најпознатите брендови кога е во прашање воздушниот превоз, до крајот на оваа година планира да го претстави првиот прототип на своевидното летачко такси без возач. 

Засега е откриено името на проектот, кој е наречен Vahana, а според објавеното видео, станува збор за хибрид на мал хеликоптер и дрон, односно беспилотно летало. Целата приказна функционира на концепт кој е сличен на Uber, но со круцијална разлика во самостојноста на возилото.

Vahana - Passenger Experience from Vahana on Vimeo.

Сите оние кои сакаат брз превоз, можат да нарачаат Vahana по пат на апликација. Сè што треба да направат е да ги впишат своите податоци, како и локацијата на која тие се наоѓаат, а останатото ќе го направи Vahana кога ќе слета на нивната локација.

Airbus, како еден од најважните фактори во воздушниот превоз, во видеото ја демонстрира потполната ускладеност со агенциите за воздухопловство, а доколку ваквиот концепт доживее примена во праксата, тоа би била вистинска револуција.

Во текот на следната недела би требало да се откријат повеќе детали околу ова возило на настанот на Paris Air Show.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk