Откриен “суперантибиотик” кој ги лечи и најотпорните бактерии

Точка

19/06/2017

15:20

1.535

Големина на фонт

а а а

Научниците откриле нов антибиотик, кој е исклучително ефикасен против бактериите, отпорни на веќе познати антимикробални агенси.

Антибиотикот е пронајден во примерок од земја во Италија, поточно во една бактерија која се наоѓа во земјата, а истиот е наречен „псевдоуридимицин“ или ПУМ, наведува AFP. 

Антибиотикот успешно елиминирал широк спектар на бактерии во лабораториските тестови и излекувал глувци, инфицирани од шарлах. Деталите се објавени во научното списание во САД, под името “Cell”.

Псевдоуридимицин неутрализира ензим под име полимераза, кој е неопходен за речиси сите функции на секој организам, а поради својот механизам на акција, новиот антибиотик има 10 пати помала шанса да предизвика имунитет на своето дејство отколку сите останати лекови на пазарот.


ПУМ успешно елиминирал повеќе од 20 видови бактерии во експериментите и се покажал исклучително ефикасен против стрептококи и стафилококи, чии неколку видови се отпорни на бројни антибиотици.

Клиничките проби на овој “суперантибиотик” ќе започнат во следните три години додека тој се очекува да се појави на пазарот во следните десет години, соопштуваат научниците од Ратгерс-Њу Брунсвик универзитетот во Њу Џерси и од италијанската биотехнолошка компанија Најконс.

Тие наведуваат дека тоа откритие покажало дека бактериите кои се пронајдени во земја се најдобар извор на нови антибиотици.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk