Пет интересни факти за Renault 4 кои сигурно не сте ги знаеле

Точка

21/06/2017

17:58

3.901

Големина на фонт

а а а

Легендарната „Четворка“ е автомобил кој на многумина им измамува насмевки на лицето само кога ќе се сетат на него, па токму затоа денеска Ви презентираме пет важни факти кои сигурно не сте ги знаеле за овој модел.

Renault 4 е третиот најпродаван автомобил во историјата на автомобилизмот

Темелите за овој легендарен автомобил биле поставени во 1956. година, кога тогашниот претседател на „Рено“, Pierre Dreyfus нарачал нацрти за автомобил кој ќе биде одговор на „Спачекот“ на Citroen. Пет години подоцна, својата премиера ја имал на авто-саемот во Париз како R4, а четири години подоцна името ќе го смени во Renault 4 – необичен автомобил кој ќе го промени светот.


Никој не очекувал дека производството ќе потрае дури до 1992. година и дека до крајот на производството ќе бидат направени 8.135.424 единици, бројка која го става во клубот на најпродавани автомобили на сите времиња, веднаш позади „Бубата“ и „Форд Т“.

Менувачот на „Четворката“ е попознат како „Чадор“

Renault 4 по многу нешта ќе се памети како посебен автомобил, а една од најголемите карактеристики е неговиот менувач, кој имал облик на рачка од чадор и токму затоа во нашите краишта го добил овој прекар. Возачите на Renault 4 секогаш истакнуваат дека овој менувач бил еден од наједноставните менувачи, а се зборува и дека истиот може да го расипе само оној кој не знае да вози.


Последните 1000 примероци биле произведени во Ново Место

Renault 4, освен во Франција, се произведувал и во Шпанија, Белгија, Колумбија, Португалија, Мексико, Чиле, Аргентина, Ирска, Италија, Австралија, Мароко и Словенија. Последната локација каде што биле произведени последните 1000 единици, позната како “Bye-bye серија” било Ново Место, град во Словенија.

На релито Монте Карло „Четворката“ стигнала – последна

Renault 4 никогаш не бил наменет за тркачки натпревари, па не е чудо што на релито Монте Карло во 1962. година завршил на последното место. Но, затоа имал брилијантни резултати на релијата на издржливост – на Париз-Дакар релито во 1979. пристигнал четврти, а една година подоцна дури го освоил и третото место.


И папата поседува “Четворка”

Кога папата Фрањо благословил стотици возачи на Harley Davidson, тие за благодарност му подариле еден ваков нов мотор. Скромен како што е, папата го продал моторот и парите ги донирал во хуманитарни цели. Но, кога свештеникот Рензо Рока му подарил 30-годишно Renault 4 со поминати 300.000 километри, тој одлучил да го задржи и одушевено се возел во него, бидејќи го потсетувало на помладите денови, кога и самиот поседувал една “Четворка”. Меѓу познатите личности кои барем еднаш во животот се возеле во овој автомобил или го поседувале истиот се најдоа Пирс Броснан, Брајан Фери, Фернандо Торес и многу други.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk