Како изгледа авто-трката чија цел е помеѓу облаците?

Точка

29/06/2017

16:01

2.259

Големина на фонт

а а а

Легендарната трка наречена Pikes Peak, која секоја година се одржува во Колорадо, САД, носи симболичен наслов – „Трка до облаците“ и зазема посебно место во светот на авто-спортот, бидејќи се одржува на една од највисоките точки на Карпестите планини.

Овогодинешната трка се одржа на 25. јуни, а во жестоката конкуренција на врвните возачи и разновидните автомобили славеше Ромаин Думас, веќе втора година по ред. 

Точно 156 кривини, 19,99 километри должина на патеката, нагорнина од 1.440 метри на надморска височина од 4.300 метри – тоа е Broadmoor Pikes Peak International Hill Climb, најтешката брдска трка во светот. Сепак и екстремно тешките услови не беа причина победникот за нешто повеќе од 9 минути да стигне до целта, која се наоѓа практично во облаците.

На оваа висина, нискиот атмосферски притисок е вистински предизвик како за возачите, така и за автомобилите, а оваа година учествуваа повеќе од 80 возачи поделени во 12 категории на автомобили, мотоцикли и камиони.


Најтешкиот испит за возачите, но и за “машините”

Позната како „Трка до облаците“, Pikes Peak го има постигнато својот легендарен статус како втора најстара трка во светот на автомобилите и мотоциклите во Соединетите Американски Држави.

Една од уникатните карактеристики на трката е големата промена на атмосферската густина, бидејќи рутата се насочува кон самиот врв на планината.


Стартната линија е на надморска височина од 2.862 метри, каде што атмосферската густина е 71%. Ова сразмерно ги намалува перформансите на моторот.

Кога возачите ќе стигнат до врвот на висина од 4.302,25 метри, вртежниот момент се намалува на 59% од оптималните перформанси. На оваа висина, способноста на возилото да забрза е намалена речиси за половина.

Ова е секако една од најтешките трки во светот, како за возачите така и за нивните “машини”. Познато е дека големите нагорнини и големата надморска височина ги забавуваат рефлексите на возачите, дополнително ги напрегнуваат нивните мозоци и неретко предизвикуваат грчеви во мускулите.


Со многу малку безбедносна ограда, дури и најмала грешка може да ги испрати и најискусните возачи неповратно во бездната.

Така, возачите често доаѓаат во ситуација кога посегнуваат по маските за кислород за да ги намалат главоболките, вртоглавицата и гадењето кои се честа појава на оваа трка, што дополнително ја намалува способноста за брза реакција на патеката со многу малку безбедносни бариери помеѓу тесниот пат и стрмните карпи.

Од сите настани на кои TAG Heuer е официјален партнер, оваа трка има посебна врска со познатиот бренд. Трката Pikes Peak за прв пат била организирана во 1916. година, истата година кога TAG Heuer го лансирал својот прв Mikrograph, хронограф со точност од 1/100 во секунда.

Оттогаш, ваквите прецизни хронографи се користат на сите големи спортски настани во светот на мотоспортот вклучувајќи ги Monaco Grand Prix, Carrera Panamericana и Indy 500.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk