Само за вистинските фанови: Шаховски сет инспириран од Војна на ѕвездите

Точка

14/07/2017

17:28

544

Големина на фонт

а а а

Францускиот бренд S.T. Dupont создаде ексклузивен Star Wars шаховски сет, како би ги прославил 40-те години од оваа иконска франшиза, којашто го имаше своето деби во далечната 1977-ма година.

Шаховската табла се трансформира во минијатурно бојно поле, на коешто се води борба помеѓу светлината и темнината, во далечната галаксија. Кружната табла е изработена од опсидијан (или вулканско стакло) со полиран и мат финиш, додека фигурите на империјата и нејзината соперничка страна се претставени со иконски ликови, вклучувајќи го Дарт Вејдер, Хан Соло и Чубака. Златно дизајнираните елементи на секоја фигура не' потсетуваат на прочуениот изглед на овие карактери и дефинитивно ги оживуваат.

Фигурните на империјата се изработени од нефрит жад по потекло од Британска Колумбија, додека мрачната страна е создадена од природен камен на кристален кварц. Секоја фигура е рачно обликувана и гравирана, а особеното внимание посветено на деталите е сосема очигледно.


Металниот прстен којшто е поставен на таблата пак не' потсетува на екстериерот Death Star, а покрај тоа, фиоките коишто се дел од таблата имаат симболи и од двете страни. И секако, еден ваков импресивен и уникатен сет очекувано е да има и поприлично висока цена, која во случајов изнесува 128.000 долари.

Иако тоа можеби за нас “обичните смртници” е сума којашто во ниту еден случај не би можеле да ја издвоиме, оние со подлабок џеб коишто се страствени фанови на серијалот Војна на ѕвездите, со сигурност веќе планираат да си обезбедат и свој примерок во колекцијата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk