Совршен Porsche Design звучник само за најпребирливите

Точка

15/07/2017

01:05

596

Големина на фонт

а а а

Porsche 911 GT3 е еден од нашите омилени суперавтомобили – чиста возбуда и неверојатна снага, што претставува совршен пример за брилијантниот германски инженеринг.

Со “ѕверски” звук којшто доаѓа од неговиот ауспух и мотор, но и одговарачки перформанси, 911 GT3 претставува ултимативна играчка за тркачките патеки, коишто денес ги надгледуваме од еден сосема поинаков агол.


Но Porsche Design овојпат одлучил да искористи дел од издувниот систем од новото 911 GT3 возило, како би дизајнирале во потполност нов Bluetooth 911 GT3 звучник. Веројатно и не очекувавте ваков развој на приказната, но мора да признаете дека се работи за едно убаво изненадување. Сепак, во случајов се' се сведува на моќта на звукот.


Со опсег од 10 метри и импресивни 60 вати, овој врвен звучник има Bluetooth 4.0 и apt-X технологија, којашто ветува длабок бас и прецизни тонови, односно најдобар можен аудио квалитет. Може да се комбинира со било кој паметен уред, со батерија којашто активно трае 24 часа, а системот може да се контролира со гласовни команди.


Стерео и Party режимите на работа се исто така дел од овој пакет, но без оглед на вашиот избор, веруваме дека ќе бидете исклучително задоволни.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk