Aeon 380 – Беспрекорна јахта создадена само за уживање

Точка

15/07/2017

01:19

1.380

Големина на фонт

а а а

Турското Scaro Design студио и Aeon Yachts неодамна ги здружија силите и создадоа врвен Aeon 380 проект, односно брод којшто е веќе дел од импресивниот асортиман на суперјахти.

Оваа примамлива моторна јахта има за цел да обезбеди незаборавно искуство за време на крстосувањата, со врвен поглед на морето благодарение на својата стаклена структура на главната и горната палуба.

Инспирирана од автомобилската индустрија, Aeon 380 јахтата има волшебен екстериер со смели линии и нежни облини на вистинските места, што дава илузија за големи брзини, дури и кога е закотвена на пристаниште. А кога говориме за нејзините перформанси, нажалост нема информации за максималната брзина или било кои други конкретни бројки, иако сето тоа делува речиси па неважно, кога пред очите ќе ни се најде една ваква убавица.


Патниците на оваа јахта со сигурност ќе го ценат и огромниот достапен простор за опуштање на отворено. Оваа јахта исто така има стаклени панели и на главната палуба, што креира чувство на слобода, што може да се забележи и во нејзиниот ентериер, каде прозорците се со полна големина, а опфатен е и совршен декор и материјали коишто придонесуваат за исто толку уникатна привлечност.


А прашањето коешто се поставува во овој момент е следново – дали би поканиле некого да ви прави друштво за време на крстосувањето со оваа убавица, или повеќе би сакале да уживате сосема сами?


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk