Супер бабичка зад воланот на Формула 1 болид

Точка

17/07/2017

11:21

479

Големина на фонт

а а а

79-годишната Розмари Смит успеа да ги победи сите стереотипи во врска со возењето, кога се работи за повозрасните лица.

Во рамките на прославата на 40-годишнината на Формула 1 тимот на Renault таа имала прилика да седне зад управувачот на тркачкиот болид којшто го придвижува мотор од 800 КС и да извози “кругче” на патеката “Paul Ricard” во Ле Кастеле на југот на Франција, во близината на Марсеј.

Розмари, меѓутоа, не е без тркачко искуство зад управувачпт. Оваа кројачка своевремено една задоволна клиентка ја повикала да и' биде навигатор на рели трка, за потоа набрзо и самата да се најде зад управувачот.

После години минати во возење и неколку освоени медалји, Розмари си купила Renault Clio и основала своја тркачка школа којашто ја водела вели две децении.


За возењето на Формула 1 болидот таа вели дека тоа за неа било дамнешен сон, којшто сега и конечно се остварил.

Погледнете:


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk