Неизвесна судбината на биткоинот: Официјален крај на 31-ви јули?

Точка

17/07/2017

18:05

3.201

Големина на фонт

а а а

Виртуелната валута bitcoin изгуби четвртина од својата вредност после спорот околу тоа како да се изведе големото унапредување на софтверот. Постои опасност и дека оваа виртуелна валута ќе доживее целосен пропаст!

И покрај големиот пад, биткоинот вреди околу три пати повеќе за разлика од пред година дена. Сега е со вредност од околу 2100 долари, додека кон средината на јуни имаше вредност од над 3000 долари.

Најпознатата виртуелна валута доживеа огромен пад којшто би можел да ескалира во вистински неуспех, но е возможно и ништо да не се промени. Иднината сега зависи од тоа дали оние коишто го одржуваат можат до крајот на месецот да се договорат околу спроведувањето на големото унапредување на софтверот како би се зголемиле капацитетите на пренапрегнатата мрежа.

Меѓутоа, засега и не се сите сосема согласни. Некои помеѓу bitcoin “рударите”, односно луѓето коишто добиваат награди во виртуелната валута за тоа што нивните компјутери се користат за сложени математички операции, не ги поддржуваат таквите промени. Поделбата помеѓу “рударите” и оние коишто ги користат биткоините, помеѓу кои има и доста стартап компании и неколку големи компании, би можела да донесе и до паника на пазарот за биткоини којшто вреди околу 39 милијарди долари.

Биткоинот е инаку валута којашто не е поврзана со ниту една банка или влада. Основната замисла е за оваа валута никој да не може да ја контролира и со неа да може непречено да се плаќа, но тоа е всушност и неговата слабост – ако никој не може да го контролира биткоинот, тогаш никој не може ниту да интервенира како би се спречиле поголеми осцилации во вредноста.

Сопствениците на биткоини може да даваат или да примаат сретства во оваа валута анонимно преку интернет мрежата, поради што претставува привлечна валута и за криминалците коишто така може да тргуваат со дрога, оружје и друга стока без знаење на власта. Трансакциите се остваруваат преку исклучително сложени математички операции за коишто се потребни големи компјутерски капацитети. Затоа се и многу важни луѓето коишто “виртуелно” ги отстапуваат своите компјутери. Тие компјутери потоа ги обработуваат сложените математички операции, а нивните сопственици за возврат добиваат биткоини.

Поради растот на пазарот, мрежата на којашто функционира оваа криптовалута се покажала како ограничена, па подоцна доцнењата во исплатите станале се' почести. Програмерите велат дека пронашле начин како да ги забрзаат тие процеси со преработка на главната база Blockchain. Помеѓу оние коишто ја поддржуваат промената е и Microsoft менувачницата за биткоини Coinbase, како и многу други коишто сакаат биткоинот повеќе да се употребува на пазарот.


Оние коишто се согласни за ваквите промени дале рок до 31-ви јули и се заканиле дека нема да ги признаваат трансакциите коишто ги потврдуваат “рударите” коишто не го прифатиле унапредувањето на софтверот. Тоа би можело да создаде голема неизвесност во биткоин заедницата, бидејќи никој со сигурност нема да знае дали биткоините коишто ги дал или примил минале низ системот на безбеден начин.

Некои од заедницата на “рударите” како што е кинескиот гигант за опрема за рударење “Bitmain” сепак не назначиле поддршка за новиот систем.

AP наведува дека поделбите би можеле да доведат до две или дури и повеќе некомпатибилни верзии на оваа криптовалута што би можело да доведе до општ хаос, па можеби и исчезнување на биткоините коишто некој ги купил.


Веб страницата за поддршка bitcoin.org ги посоветувала корисниците да не прифаќаат биткоини два дена пред рокот и да почекаат како ќе се разреши оваа ситуација, пред повторно да започнат да тргуваат со оваа виртуелна валута.

AP оценува дека зад целиот спор е започнат поради тоа што некои компании веруваат дека новиот систем би можел да доведе до намалување на надокнадувањата за направените трансакции, што во превод значи и намален профит.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk