После 3310, Nokia ги претстави “освежените” модели 105 и 130

Точка

18/07/2017

00:11

1.758

Големина на фонт

а а а

Компанијата HMD Global којашто ги произведува новите Nokia телефони денес претстави нови изданија од култните Nokia 105 и Nokia 130 уреди.

И двата модела имаат освежен ергономски дизајн, екран со дијагонала од 1.8 инча во боја, LED сијаличка, а достапни се во три бои.


Наследникот на Nokia 105 е телефон којшто се очекува да биде продаден во повеќе од 200 милиони примероци ширум светот, има поликарбонско куќиште коешто штити од удари и падови, како и тастатура со раздвоени тастери која овозможува полесно ракување со телефонот. Секако со него ја добивате и славната Snake Xenzia игра. Батеријата поддржува 15 часа разговори, а производителот тврди дека телефонот во мирување може да издржи и до месец дена со едно полнење.

Nokia 105 е достапна во дуал и сингл SIM верзија, содржи FM радио и се полни со помош на стандарден Micro USB Кабел (USB 2.0). Како дуал и сингл SIM верзија е достапна и новата Nokia 130.


Nokia 130 овозможува репродукција на 44 часа FM радио содржини или простор за повеќе од 1.000 песни на дополнителна MicroSD картичка со капацитет од 32 GB.


Со едно полнење на телефонот, на овој модел може да гледате и до 11.5 часа видео содржини. Nokia 130 има и Bluetooth поддршка за слушалки или звучници.

Глобално, Nokia 105 ќе биде достапна во сина, бела и црна боја – со мат ефект. Сингл SIM моделот од овој телефон на глобално ниво ќе биде достапен по очекувана просечна цена од 14.5 долари, додека дуал SIM верзијата за 15 долари, без давачки.


Nokia 130 пак ќе биде достапна во црвена, сива и црна боја, а на глобално ниво ќе биде достапна по просечна цена од 21,50 долари без давачки.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk