Прв Louis Vuitton паметен часовник: Tambour Horizon

Точка

18/07/2017

01:18

751

Големина на фонт

а а а

Ексклузивниот бренд Louis Vuitton ги направи првите свои чекори во светот на паметните часовници и со тоа им се придружува на луксузните брендови како што се Tag Heuer и Michael Kors.

Минатиот вторник, оваа луксузна модна куќа за прв пат претстави свој паметен часовник, наречен Tambour Horizon, којшто претставува нивна визија за популарните Connected часовници. Развиен е во соработка со компаниите Google и Qualcomm и ја користи платформата Android Wear 2.0 како и бројни други елементи коишто се во нивниот вистински стил.


Верен на своето потекло, Tambour Horizon се рекламира како часовник за патниците. Својот елегантен дизајн го позајмува од Tambour моделот којшто пред петнаесет години го лансираше овој бренд во светот на часовничарството.

Новитетот со ова име го спојува вонвременскиот дизајн и врвната технологија. Со променливо ремче и прилагодливи лица на часовникот, ексклузивни функции за мапирање на градот и следење на летовите, овој часовник им е дефинитивно посветен на сите љубители на патувањата коишто негуваат истенчен стил.


Овој модел има куќиште од нерѓосувачки челик со пречник од 42 милиметри, како и AMOLED екран чувствителен на допир со дијагонала од 1.2 инча. Поседува и задна страна изработена од сафирно стакло, на којашто е испечатено Louis Vuitton логото.

Паметниот часовник под логото на Louis Vuitton ја користи Snapdragon Wear 2100 платформата, а компатибилен е со сите паметни телефони коишто користат Android 4.3 / iOS 9 или понови. Достапен е и во три верзии – black, graphite и monogram.



Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk