Колумбијски бордел отвори сопствено секс - одморалиште

Точка

08/09/2017

21:30

13.852

Големина на фонт

а а а

Колумбијски бордел се одделува од пазарот за луксузни патувања и отвора сопствено “секс - одморалиште”. Good Girls Sex Resort се наоѓа во Кали, Колумбија и ќе им понуди на гостите типично искуство за одмор, а исто така ќе можат да ја поминат ноќта со платена придружба.

Гостите кои ќе резервираат во овој резорт ќе добијат разни активности како јавање на коњ, голф и секс услуги во собата со придружба која доколку гостите сакаат може да биде и во поголем број. 

Пакетите се движат од 599 долари по лице до 1499 долари од ноќ. Пораката на веб - страницата гласи: “Во ова одморалиште ќе бидете придружувани од најубавите Латино девојки, кои ќе бидат вашите ангели чувари онолку долго колку што ќе одлучите”.

“Целта на нашиот резорт е да ги претвориме вашите фантазии во реалност. Вашиот придружник ќе ве задоволи и ќе ве третираме како крал”.

Ако престојувате повеќе од една ноќ за 400 долари гостите добиваат бесплатна храна и пијалок, приватна вила, пристап до забави и патувања или пакет од 1199 долари имате плус спа третмани, голф и тројно искуство.

Најскапиот пакет е 1499 долари кој е наречен “Златен пакет” кој на гостите им нуди две девојки во текот на 24 часа, вила, ВИП ноќен клуб, шише шампањ и туристичка турнеја со авион.

Проституцијата во Колумбија е легална, се додека се наоѓа во толерантни зони, а секоја година е се поголем бројот на секс - туристи во Колумбија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг