NBA 2K18: За сите љубители на кошарката, пристигнува бесплатна демо верзија

Точка

12/09/2017

17:03

291

Големина на фонт

а а а

NBA 2K18, играта за сите љубители на кошарката пристигнува на 15 септември, но пред тоа на играчите им е понудено да ја испробаат демо верзијата наречена “The Prelude”.

Играта е достапна за Xbox One и PlayStation 4. Ова е само мал увод во она што ги чека верните фанови кога целата игра ќе биде достапна, а истата може да послужи како полигон за вежбање бидејќи демото е сконцентрирано на “The Neighborhood” – новиот и главен начин на играње на NBA 2K. 


“The Neighborhood” ги носи најпопуларните елементи на играта, но и сите случувања околу теренот. Со тоа е достапна и апликацијата MyNBA 2K18 која го олеснува играњето, а има и некои интересни додатоци како што е скенирањето на лицето, со што можете да го пренесете на некој од играчите во NBA 2K18 и во “Prelude”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk