Пукнатите пневматици заминуваат во минатото? Што мислите за “самообновувачки” пневматици?

Точка

12/09/2017

22:29

2.400

Големина на фонт

а а а

Пукнатите пневматици се можеби и веќе дел од минатото токму благодарение на изумот на научниците од Универзитетот Харвард коишто успеале да изградат цврсти автомобилски пневматици способни за самообновување после настанато пукање во текот на возењето. Звучи прилично импресивно зарем не?

Хибридниот пневматик којшто успеале да го развијат истражувачите при Школата за инженерство и применета наука, Џон А. Паулсон под притисок сепак и понатаму пука, но не на начинот на којшто тоа го прави и обичниот пневматик.

Напукнатините кај новиот хибриден пневматик се поврзани со влакнести снопови коишто го апсорбираат и потоа го прераспределуваат ударот на целиот пневматик како би се спречило потенцијално катастрофално напукнување. А кога притисокот ќе опадне, хибридниот пневматик се враќа во својот првобитен облик.

- Ако се појави некаква напукнатина на пневматикот, тој нема да мора веднаш да биде променет. Наместо тоа, пневматикот ќе се “самозацели” во текот на возењето, што претставува доволно време за да се избегне потенцијалната драматична штета, вели Јинронг Ву, еден од изумителите којшто работел на овој проект.

Научниците успеале да создадат хибриден пневматик комбинирајќи полимери коишто на пневматикот му даваат исклучителни карактеристики на начин на којшто тоа досега се сметало дека е невозможно.

Оваа технологија ќе може да се применува на комплетната широка палета од гумени производи.

Универзитетот Хардвард пак веќе поднел документи за барање а патентирање, но се' уште не е познато кога ќе започнат да се произведуваат токму ваквите хибридни пневматици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг