Urban EV: Електричниот концепт на Honda е совршен спој на ретро и модерно

24 Вести

13/09/2017

11:03

991

Големина на фонт

а а а

Концептот Urban EV не спаѓа помеѓу најважните достигнувања на актуелниот авто-салон во Франкфурт, но секако претставува интересно освежување во светот на автомобилите.

Малиот урбан автомобил на Honda е конструиран на потполно нова механичка платформа и има за цел да ги најави идните сериски електрични модели на овој јапонски произведувач. 

Конкретно, продукциската верзија на овој концепт е планирана за 2019 година, потврдил претседателот на Honda, Тахакиро Хачиго, на конференцијата за медиуми на франкфуртскиот саем за автомобили.


Првиот впечаток за концептот Urban EV е неговиот ретро дизајн, што не е типично за новите електрични автомобили.

Кога станува збор за димензиите, ова возило е навистина мало, што го сместува под актуелната Honda Jazz.


Од Honda велат дека сакале Urban EV да има хармонични пропорции и “мускулеста” појава, наговестувајќи ги неговите спортски карактеристики во возењето.

Внатрешноста е со минималистички дизајн, во комбинација на дрвени ретро елементи и големи, модерни екрани на допир кои се наоѓаат и на вратите. Вратите се отвораат обратно, додека класичните ретровизори се заменети со надворешни камери.


Во автомобилот има место за четири возрасни патници, на предните и задните седишта.

Со оглед на тоа што станува збор за концепт, Honda во соопштението за ова возило не ги напоменала техничките детали за најавениот сериски модел.





Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk