Непријатен момент за Apple: Прескапиот телефон не функционирал, Интернетот без милост

Точка

13/09/2017

12:48

3.126

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашната презентација на новиот iPhone X се случила најголемата ноќна мора која може да се случи на еден ваков настан – телефонот при демонстрација на опцијата “Face ID” едноставно одбил послушност.

Крејг Федериџи, пред целиот свет ја демонстрирал опцијата за отклучување на телефонот со лице, но новиот iPhone токму во тој момент едноставно не сакал да се отклучи. Коментарите по ова биле немилосрдни. 


Извршниот директор на Apple два пати пробал да го отклучи телефонот, користејќи ја новата опција, но не успеал во тоа. Тој на крајот само се насмевнал и преминал на резервниот телефон кој стоел настрана.

Логично, корисниците на социјалните мрежи “полуделе” по ваквиот голем испад на гигантската компанија.

Погледнете како изгледало тоа:


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk