Рами Малек како Фреди Меркјури на Live Aid концертот во 1985 година

Точка

13/09/2017

13:52

812

Големина на фонт

а а а

Главната улога во филмската биографија за фронтменот на култната група “Queen” ја доби Рами Малек. Тој минатиот викенд ја снимал сцената од Live Aid концертот, кој се одржал во Англија во 1985 година.

“Кога ќе отвориш очи и ќе видиш како во огледалото те гледа сосема другa личност, тоа е многу охрабрувачки момент”, вели Малек за Entertainment Weekly. 

Филмот ја прикажува приказната за Фреди Меркјури откако се здружил со Роџер Тејлор и Брајан Меј. На самиот сет присуствувал и самиот Меј, кој како еден од продуцентите на филмот, го надгледувал снимањето. 


Во филмот, чија премиера е закажана за 25 декември 2018 година, ќе бидат користени гласовите на Фреди Меркјури и Брајан Меј.

Режијата на филмот ја потпишува Брајан Сингер, а сценариото е напишано од страна на Ентони Мекартен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг