"Шинејд О'Конор повеќе не постои, таа е мртва" - познатата пејачка во една година пробала 8 пати да се самоубие

Точка

13/09/2017

14:12

11.190

Големина на фонт

а а а

Шинејд О’Конор во новото интервју со д-р Фил МекГроу изјавува дека го изгубила паметот после хистеректомија во 2015 година и зборува за многуте обиди за самоубиство.

50 - годишната ги загрижила своите фанови откако споделила неколку видеа на социјалните мрежи каде зборува за нејзините обиди за самоубиства. Таа исто така кажува дека била отпуштена од болница без хормонска замена и надгледување.  

Во новото интервју објаснува дека во 2015 година имала радикална хистеректомија во Ирска и дека после тоа таа избезумила.  


“Откако имав хистеректомија бев на болница, а после два дена ме отпуштија без да ми дадат замена за хормони и без никаков надзор ако нешто ми се случи. Бев во процес на менопауза и добивав мисли за самоубиство”.

Хитемејкерот на Nothing Compares To You зборуваше и за нејзините страдања кога нејзината мајка ја злоупотребувала. Таа продолжи: “Јас сум задоволна со тоа што ме дефинираат за луд човек или некој што бил злоупотребуван како дете. Мајка ми беше комора за тортура. Таа беше личност која се радуваше кога ќе те повредеше”.

Кога ја запрашаа што сакаше кај нејзината мајка, која загина во сообраќајна несреќа, таа одговори: “Тоа што е мртва”.

Добитничката на Греми награди, досега пробала 8 пати во една година да си го одземе животот. Сега таа изјави дека сака да си го промене името и дека е спремна за промена во животот: "Шинејд О'Конор повеќе не постои, таа е мртва".




Спонозорирани линкови

Маркетинг