ОИ во Париз во 2024, а во ЛА во 2028 година

Макфакс

14/09/2017

00:45

196

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) официјално потврди дека домаќин на Олимписките игри во 2024 година ќе биде Париз, а четири години подоцна Лос Анџелес.

МОК на Конгресот во Лима едогласно го потврди домаќинството на овие два града. Инаку ова е прв пат во историјата МОК на еден Конгрес да одбере два домаќина на Олимписки игри.

Париз и Лос Анџелес останаа единствени кандидати за организација на Игрите во 2024 година откако се откажаа Будимпешта, Рим и Хамбург. Потоа Париз и Лос Анџелес постигнаа договор американскиот град да се откаже од трката во корист на француската престолнина и да ја прифати организацијата во 2028 година.

Париз последен пат организрал Олимписки игри во 1924 година, а Лос Анџелес во 184 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг