Инсиње: Не знам што се случи

Точка

14/09/2017

09:01

586

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Наполи синоќа беа поразени со 2:1 на гостувањето кај Шахтјор во првото коло од Лигата на шампионите.

После средбата, разочаран беше напаѓачот на Наполитанците, Лоренцо Инсиње кој што изјави дека не знае што тргнало наопаку за неговата екипа на вчерашниот натпревар.

„Знаевме дека Шахтјор е добра екипа, дека имаат квалитетни играчи во нападот. Искрено, не знам што направивме погрешно. Ќе разговараме и со тренерот за да видиме кои грешки сме ги направиле и ќе се обидеме да го поправиме тоа“, изјави Инсиње и додаде:

„Беше доцна за пресврт. Имавме шанси, но не ги искористивме. Тоа е штета. Сега ќе се смириме и ќе сториме се за да ги исправиме грешките кои што ги направивме“, изјави Инсиње.



Спонозорирани линкови

Маркетинг