Почина американскиот актер Френк Винсент, ѕвездата на серијата “The Sopranos”

Точка

14/09/2017

10:05

1.261

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Френк Винсент, познат по улогата во серијата “The Sopranos” и неколку филмови на Мартин Скорсезе, почина во својата 78-ма година.

Винсент имал компликации по операција на срцето во болницата во Њу Џерси, пренесува TMZ. Во ТВ серијата на HBO, тој ја толкува улогата на гангстерот Фил Леотардо, непријател на главниот лик Тони Сопрано. Исто така, се појавува во улога на опасни момци во филмовите “Raging Bull”, “Goodfellas” и “Casino”. 

Популарниот актер доживеал инфаркт минатата недела.

Винсент е роден во Норт Адамс во Масачусетс, а во светот на шоу-бизнисот го вовел неговиот татко, кој бил аматерски актер. Своето деби го имал во 1975 година во филмот “Death Collector” во режија на Ралф ДеВито. Во текот на својата четириесетгодишна кариера, тој често толкувал улоги на мафијаши, а посебно е познат по улогата на Били Батс во филмот “Goodfellas” од 1990 година.


Френк исто така бил музичар, комичар, продуцент и автор.

“Изгубивме одличен актер и голем човек. Засекогаш ќе остане во наше сеќавање”, изјавил неговиот колега Винсент Пасторе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг