Робот во диригентска улога на концертот на Бочели во Пиза

Точка

14/09/2017

11:35

469

Големина на фонт

а а а

Роботот по име YuMi диригираше на филхармонискиот оркестар на концертот на италијанскиот тенор Андреа Бочели во Театро Верди во Пиза. YuMi ги воодушевил посетителите, покажувајќи исклучителна деликатност во движењата.

Ова преставувало прво појавување на роботот со две раце, кој е дизајниран од страна на швајцарската компанија ABB, по повод одбележување на првиот Меѓународен фестивал за роботика во Пиза. 


Роботот диригирал 18 музички дела, вклучувајќи ја и познатата арија „La Dona e mobile“ од операта “Риголето“ на Верди, а кога ја подигнал диригентската палка, тој не покажал ни најмал знак на нервоза.

„YuMi има високо ниво на движење, како и неверојатно нијансирани изрази“, изјавил Андреа Коломбани, редовен диригент на оркестарот „Лука” кој настапил во Пиза.


Како што Коломбани оценил, “тоа е извонреден чекор напред со оглед на крутите потези кои можат да се забележат кај другите роботи”.

YuMi, чие име е изведено од фразата “you and me”, сите движења ги учел од Коломбани, кој му ги придржувал рацете на пробите, со цел компјутерот да можел да ги меморира исправните потези.

Единствена маана е тоа што роботот не може да импровизира и каква било неочекувана промена на темпото на музичарите би била погубна.




Спонозорирани линкови

Маркетинг