"Радиоактивна сум и многу е кул": Запознајте ја девојката која јаде токсични јаболка од Чернобил - и тоа не е сè

Точка

14/09/2017

12:18

8.283

Големина на фонт

а а а

Ни 31 година по катастрофата во Чернобил, животот во околината на поранешната советска нуклеарна електрана не се вратил поради високиот степен на радиоактивност. Тоа не спречило една девојка на местото кое и денес се смета за опасно, да снима видео клипови и да ги објавува на својот канал на ЈуТјуб. Запознајте ја девојката која јаде "радиоактивни јаболки".

Нејзиното име "бионерд23", всушност тоа е нејзиното име на каналот на ЈуТјуб. Својот идентитет не сака да го открие, а сака да ја знаат по името на нејзиниот прилично посетен ЈуТјуб канал. Се претпоставува дека е Германка, или барем дека долго живеела во Берлин. Потребата да го сокрие својот идентитет ја објаснува со зборовите дека "нејзината личност е неважна", а дека целта и е да им покаже на луѓето дека работите кои се претставени како опасни, тоа всушност не се. 

Видео снимките на местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, почнала да ги снима во 2012. година. Последното видео на нејзиниот канал е објавено пред 8 месеци, а речиси сите се посветени на Чернобил и нејзиното истражување на таа забранета зона. 

Така "Bionerd23" можеме да ја видиме како допира гориво од реактор со голи раце, шета без заштитна опрема, снима двометарски сомови во базен со материјал од нуклеарката, за кои со смирен глас објаснила дека не се мутанти, туку пораснале бидејќи никој не ги лови. 

Најмногу внимание привлекло нејзиното видео во кое јаде јаболки од дрво покрај електраната. Медиумите речиси во истиот момент се заинтересирале за необичната "јутјуберка", а по тоа видео го добива и прекарот по кој денес е позната - "девојката која јаде чернобилски јаболки". 

Во снимката која трае 10-тина минути, таа покажува како безгрижно јаде јаболки, а потоа ја споредува радиоактивноста во нив со некои други производи. Заклучила дека јаболките од Чернобил се всушност многу побезбедни од печурките кои растат во Германија. 

Пред повеќе од 7 години со радост зборувала за анализата на штитните жлезди, поради што докторите и вбризгале радиоактивен технециум. "Радиоактивна сум и баш ми е забавно", напишала во описот на видеото. 

Од радијација очигледно не се плаши, но посоти нешто друго што ја плаши. Структурални проблеми на стари згради. 

"Некои од старите згради се веќе опасни за влегување. Почнуваат да се распаѓаат", вели таа и додава дека повеќе се плаши од животни заразени со беснило. 

Нејзините причини поради кои продолжува да го документира Чернобил се повеќе лични, но додава: "Времето сопрело во моментот кога реакторот се разнел. Не мислам само на читањето на часовниците...Ако го прифатите, можете да го разберете вистинското значење на забранетата зона".



Спонозорирани линкови

Маркетинг