Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку паузи го блокираат Законот за јазици

Макфакс

14/09/2017

12:29

84

Големина на фонт

а а а

На самиот почеток 15. седница на Собранието, на барање на пратеничката Благица Ласовска, собранискиот Спикер Талат Џафери ја прекина со едночасовна пауза. На прекинот на седницата, слично како вчера, претходеше кратка вербална расправија со претседателот Џафери.

„Јас сум кооординатор на пратеничка група и имам право да побарам пауза од еден час. Не кршете ја процедурата и Деловникот. Вие имате должност да го процесирате моето барање. Немојте да ја повторуваме вчерашната ситуација“, рече пратеничката Ласовска.

Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, во процедурална забелешка ги информираше пратениците дека нивната пратеничка група испратила отворено писмо до претседателот Талат Џафери во кое се наведени членовите од Деловникот кои се прекршени. Тој додаде дека во писмото се наведени и ставовите на партијата во однос на предлог-законот, со кои се бара повлекување на истиот од расправата од собраниската седница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг