Хорор филм за секоја жена: Шест од нив се појавиле во исти фустани, а сепак не биле деверуши?

Точка

19/09/2017

23:52

11.092

Големина на фонт

а а а

Веројатно најголема ноќна мора за секоја жена е за друга личност да се појави на некое случување во ист фустан како и нејзиниот. Замислете како би се чувствувале да присуствувате на свадба, за којашто сте се подготвувале подолго време, а на истата притоа да се појават уште пет дами облечени во сосема истиот фустан? Тоа звучи како сценарио од хорор филм. За овие дами тоа воопшто не било смешно!

На една венчавка, се појавиле шест госпоѓи во сосема истиот фустан. И не, тие не биле деверуши, туку сето ова се случило според случајно сценарио. 

- Колкави се шансите, напишала покрај фотографијата Деби Сперанца, една од шесте госпоѓи, на Facebook страницата на брендот којшто ги изработил овие фустани.

Нејзината објава за кратко време собрала речиси 40.000 лајкови и речиси 10.000 коментари.

После првичниот шок, којшто е сосем разбирлив, следело и мноштво од шеговити коментари во врска со оваа сличост.

- Некои жени не беа расположени поради сето ова, но овие дами сето тоа го прифатија како еден вид на забава. Ние сме нешто како “случајни сестри”, изјавила една од госпоѓите, којашто им препорачала на продавачите во иднина да водат евиденција за тоа кому му ги продаваат свечените фустани, низ шега секако.

А онашто постојано ги прашувале е дали сето тоа било направено намерно.

- Секако дека не. Се колнам. Од сите нив, познавам само една жена, изјавила една од госпоѓите.



Спонозорирани линкови

Маркетинг