Швајцарија: Револуционерни дронови во служба на здравјето

Точка

22/09/2017

13:29

530

Големина на фонт

а а а

Швајцарските болници се здружија со калифорниската компанија „Matternet“, со цел да воспостават систем на дронови ширум земјата, кои ќе сочинуваат револуционерна автономна мрежа за достава.

Дронот наречен “Matternet Station” има куќиште за товарот кој го пренесува, па на тој начин болниците ќе можат да испраќаат и примаат клучни медицински примероци и ресурси. 

Швајцарската влада, во март оваа година, му даде дозвола на “Matternet” да ја користи логистичката мрежа на дронови над густо населените градови.


Доколку на пациент му е потребна трансфузија на крв, а на локацијата на која се наоѓа е невозможно да се утврди неговата крвна група, болницата би морала да испрати автомобил со чувствителна опрема за итна анализа на примерок од неговата крв. Наместо тоа, сега докторите ќе можат да добијат примероци од крвта и резултати по пат на дрон, кој се управува со помош на апликација.

Еден техничар го пакува примерокот од крвта и го испраќа со дрон во кутија со QR код, дронот потоа го следи сигналот и пристигнува на дестинацијата, а потоа техничарот од другата страна со помош на смартфон и QR кодот ја отвора кутијата и го тестира примерокот.

Компанијата “Matternet” очекува до крајот на годината во Швајцарија да има развиена мрежа, која ќе расте во следните 12 месеци. Компанијата веќе соработува со организацијата “Doctors Without Borders” во земјите во развој, каде доставата преку медицинските дронови е клучна бидејќи патиштата и безбедноста не се на задоволувачко ниво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk