Кога ќе чуете колку пари годишно завршуваат во швајцарските канализации, ќе останете без текст

Точка

12/10/2017

16:10

3.953

Големина на фонт

а а а

Седумдесет отсто од вкупната количина на злато секоја година ги оплеменува швајцарските рафинерии, а по најновото откритие тие би можеле да прејдат и на рециклирање на отпадните води.

Експертите од швајцарскиот сојузен институт за снабдување со вода, пречистување и заштита на водата (Eawag) востановиле дека во канализацијата на Швајцарија завршуваат 43 килограми злато во вредност од 1,5 милиони евра. 


Но, меѓутоа не станува збор за накит кој случајно паднал во WC-шолјата, туку за отпадни производи на рафинериите. По преглед на 64 канализациони системи, научниците заклучиле дека во регионот на Тичино, концентрацијата е толку голема што “има смисла да се размислува за рециклажа”.

Студијата на швајцарските научници, пренесува Блумберг, не ја анализира само количината на злато. Во швајцарските канализациони системи завршиле и 3 илјади килограми сребро во вредност од 1,4 милиони евра, при што станува збор за отпадни производи на хемиските и фармацевтските индустрии.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk