Google го купува Apple – вест која го шокираше ИТ светот

Точка

12/10/2017

16:48

2.787

Големина на фонт

а а а

Поради техничка грешка на порталот на американската брокерска куќа Дау Џонс, излезе веста дека Google го купува Apple.

Логично, ваквата вест направи хаос во ИТ светот. Тие навеле дека гигантот Google го купува својот ривал Apple за девет милијарди долари. 

Иако веста била тргната по две минути, таа успеала накратко да ја подигне вредноста на акциите на Apple. Дау Џонс се огласи со соопштение во кое наведуваат дека објавувањето на веста е резултат на “техничка грешка” и дека треба да се игнорира. 


Во објавената лажна вест, аквизицијата на Google е опишана како “изненаден потег за секое живо суштество” и содржела наводни изјави со кои вработените во Google изразуваат задоволство поради купување на ривалската компанија и дека Google ќе се пресели во ново супермодерно седиште на Apple во калифорнискиот Купертин.

“Жалиме поради објавената лажна вест која три минути беше на нашите сајтови. Работите не требаше да бидат објавени бидејќи се само дел од новиот технички систем кој го тестираме. Со чекорите кои ги преземаме за да ја решиме оваа непријатна ситуација е наредено да се испита и промени процесот на тестирање, со цел ваквите работи повеќе да не се случуваат во иднина. Се извинуваме на сите”, стои во соопштението.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk