“Зелена линија на смртта” на iPhone од 1000 евра: Луѓето се бесни поради големиот проблем на најскапиот телефон на Apple

Точка

14/11/2017

11:20

2.413

Големина на фонт

а а а

iPhone X е во продажба веќе две недели, а одреден број на корисници пријавиле неочекувани проблеми со овој уред, пишува MacRumors.

Имено, на многумина покрај десниот раб на екранот им се појавила тенка неонска зелена линија. 

“Го ракував новиот iPhone и одеднаш ова се случи. Се појави навистина блескава зелена линија долж десната страна на екранот”, споделил еден корисник на форумот на Apple.

Со оглед на високата цена, јасно е зошто корисниците се разбеснети поради овој проблем.

Линијата не била видлива кога телефонот бил прв пат вклучен, туку се појавила по негово кратко користење.

Се чини дека оваа грешка не е ограничена на моделот iPhone X, бидејќи го пријавиле и корисниците на верзиите од 64GB и 256GB, а веќе се пријавени случаи од разни делови на светот, од Америка до Австралија.

Некои корисници на социјалните мрежи ја нарекле “зелена линија на смртта”, по примерот на “синиот екран на смртта” – проблем кој им е познат на корисниците на Windows, а се јавува кога доаѓа до критична грешка во системот.

Ресетирањето на уредот не го решава проблемот, а Apple очигледно е свесен за оваа маана бидејќи корисниците откриле дека нивните уреди биле заменети без проблем. Сепак, тие не појасниле како дошло до овој проблем.


iPhone X има проблем и со звучникот?

Одреден број на луѓе пријавиле проблем и со горниот звучник на новиот iPhone – звучникот наводно крчи при појачан звук.

Техничката поддршка на Apple собира информации за настанатите проблеми и ги истражува споменатите случаи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk