S9: Ист како iPhone X, но три пати поевтин

Точка

16/12/2017

11:59

4.197

Големина на фонт

а а а

Кинеската компанија Leagoo подготвува претставување на паметен телефон со ознака S9. Meѓутоа, познавачите на технологијата забележале дека овој уред е речиси потполно идентична копија на моделот iPhone X на компанијата Apple.

На прв поглед е многу тешко да се направи разлика помеѓу двата модела. Leagoo S9 по својот дизајн е вистинска копија на iPhone X до најситните детали. 


Меѓутоа Кинезите не успеале да го опремат својот паметен телефон со еден од главните адути на компанијата Apple - Face recognition, односно системот за препознавање на лица. 

Наместо тоа, на задната страна од телефонот се наоѓа скенер за отпечатоци на прстите.

Според најавите на компанијата Leagoo, нивниот S9 ќе чини околу 300 долари, што е три пати пониска цена од iPhone X, наведува The Verge.

За тие пари, купувачите ќе добијат P40 MediaTek процесор, 6GB RAM и 128GB интерна меморија.

S9 има AMOLED екран од 5,85 инчи и задна камера од 16 мегапиксели.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk