Манипулативни трикови на Шопенхауер: Како да победите во расправа?

Точка

09/01/2018

15:42

1.859

Големина на фонт

а а а

Разговорот помеѓу двајца неистомисленици понекогаш може да биде продуктивен во смисла на усвојување нови ставови, коригирање на мислењето или промени на гледиштата.

Меѓутоа, што доколку главната цел на соговорникот е да го победи противникот или да биде во право по секоја цена, без разлика на вистината?! 

Ваквите примери најчесто можеме да ги сретнеме во политичките ТВ дуели каде во практиката можеме да видиме како Шопенхауеровата “Еристичка дијалектика”, односно умешноста на водењето расправа или препирка, изгледа на дело. 


Имено, германскиот филозоф Артур Шопенхауер низ своето дело прикажува 38 манипулативни трикови како соговорникот секогаш да биде во право, дури и кога не е. Поточно, станува збор за трикови кои помагаат соговорникот да изгледа дека е во право, но не и вистински да биде така. Наведените трикови Шопенхауер ги објаснува, но не ги препорачува. Можеби тоа е една од причините зошто делото “Еристичка дијалектика” и не е објавено во текот на неговиот живот. Некои од тие трикови се: 

– да се нападне ставот, но доколку не може да се побие неговиот став, тогаш да се нападне личноста што го изнесува тој став, односно вниманието да се пренасочи кон личноста на противникот. 


– изјавите на противникот да се стават во поширок контекст бидејќи на тој начин се попогодни за напад.

– директно да се изнервира противникот, односно да се предизвика бес кај него .

– да се карикираат тврдењата на противникот со цел да се предизвика смеа кај публиката итн.

Меѓутоа, за разговорот да биде продуктивен, соговорниците мора да бидат на исто ниво со интелектот и знаењето, во спротивно разговорот ќе се сведе на бесмислена расправа каде што аргументите ги заменуваат фактите.  

Токму тоа нам нè доведува до прашањето дали е поважно што зборуваме или со кого зборуваме? Според Шопенхауер: “Оној што е паметен, во разговорот помалку ќе мисли на тоа што го зборува, а повеќе на тоа со кого разговара. Доколку го прави тоа, тој може да биде уверен дека нема да каже ништо поради кое подоцна би се покајал”.  


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk