Дејвид Бекам: Модна комбинација за која не би се осмелил ниту еден маж

Точка

11/01/2018

14:44

3.009

Големина на фонт

а а а

Пензионираниот фудбалер бил дел од поканетите гости на лондонската модна недела.

Одамна е познато дека Дејвид Бекам не е само спортист, туку и голем вљубеник во модата, а може да се пофали и со сопствена колекција на облека. 

Напомош пристигнува и неговата сопруга Викторија која по музичката, оствари и многу успешна дизајнерска кариера.

Овој пар е често на листата на најдобро облечени славни парови, а фудбалерот поседува голема храброст кога е во прашање комбинирањето на различни парчиња облека.


Тоа го докажа и во Лондон, каде бил забележан во интересна комбинација – Бекам носел панталони кои наликувале на тренерки, елегантен капут во темносина нијанса и бели патики.


Иако поголемиот дел од мажите не би се осудиле да носат ваква елегантно-спортска комбинација, Дејвид изгледа одлично во истата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk