Научниците започнаа со тестирање: Дали е возможно одгледување на зеленчук во вселената?

Точка

12/01/2018

17:01

322

Големина на фонт

а а а

Научници од Германскиот вселенски центар (DLR) започнале монтажа на напредна стаклена градина на Антарктикот, која би требало да одговори на прашањето дали во вселената можат да се одгледуваат билки и да се произведува храна.

Првото семе ќе се посее кон крајот на февруари, а првите плодови марула треба да бидат набрани кон крајот на март, пренесуваат од вселенскиот центар. 


Стаклената градина е монтирана со помош на специјални возила на снег, на оддалеченост од 20 километри од станицата Neumayer III, која се наоѓа во рамките на институтот Алфред Вегенер.

Меѓутоа, она што е најважно е внатре: зеленчук и билки кои, како што веруваат научниците, во современата стаклена градина ќе растат без земја и дневна светлина.


“Ќе поставиме полици, пумпи за хранење и специјални LED светла за оптимално осветлување”, вели Даниел Шуберт, директор на проектот наречен “Eden ISS”.

Станува збор за проект на Европската унија кој има за цел одгледување на свежа храна за астронаутите кои се на долги мисии на Месечината и Марс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk